Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

26 ДЕН ОД 30

Ние им проповедаме на луѓето како да се свесни дека се грешници на умирање, но, тие не го знаат тоа. Нив им е убаво и сето она зборување дека треба да се родат наново е област за која не знаат ништо; бидејќи некои луѓе пробуваат да си ја задушат несреќата со световни задоволства не значи дека сите луѓе се такви. Нема ништо привлечно во Евангелието за еден нормален човек; само оној човек на кого Евангелието му е привлечно е човекот кој е осуден на грев.

Далеку од познавањето на Исус Христос, и далеку од измачувањето во увереноста дека се грешни, луѓето имаат таква природа која ги одржува совршено среќни и мирни. Увереноста за гревот се случува со доаѓањето на Светиот Дух, бидејќи совеста е направена да ги разгледа барањата на Бога.

Прашања за размислување: Која порака на мирот сакам да им ја пренесам на оние кои не знаат дека се отуѓени од Бога? Зошто Евангелието не е привлечно за тие кои го сакаат животот таков каков што е? Како Божјата добрина ме спречува да ја сфатам мојата потреба за Него?

Цитати преземени од „Biblical Ethics“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 25Ден 27

Опис за овој план

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.

More

Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org