Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

29 ДЕН ОД 30

Кога Бог ја започнува својата работа во нас, Тој не прави огромни разлики во нашите животи, туку само го поместува центарот на нашата доверба. Наместо да се потпираме на себеси и другите луѓе околу нас, ние почнуваме да се потпираме на Бог и со тоа сме во совршен мир. Многу добро ја знаеме разликата кога имаме некој кој верува во нас и кога имаме ние некого во кого веруваме. Така не постои можност да бидеме скршени. Големиот живот не е во тоа што ние веруваме во нешто, туку дека кога сме против нештата во разни околности или во сопствената природа, ние вложуваме сè во чест на Исус Христос.

Нека Бог на мирот нè освети целосно, така што да не сме повеќе болни души кои ги задржуваат Неговите намери, туку усовршени преку страдање.

Прашања за размислување: Како мојата положба во Христа ме спречува да не бидам скршам во конфликт? Како Божјиот мир ми дозволува да бидам усовршен преку страдање?

Цитати преземени од „Approved Unto God“ и „God’s Workmanship“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 28Ден 30

Опис за овој план

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.

More

Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org