Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

28 ДЕН ОД 30

Христовиот мир е синоним за Неговата природа, а делото на тој мир е изложено во земјиниот живот на нашиот Господ. Тој е Бог на мирот кој целосно осветува. Кога во внатрешноста е дарот на Христовиот мир, а Божјата заштита однадвор, тогаш мојата одговорност е да се запрашам дали ќе дозволам Божјиот мир да владее над сѐ што правам — „дозволи му на Божјиот мир да владее во твоето срце.“

Една од работите која треба да се исцели преку Божјиот мир е бурната борба да правиме работи за себе. Дали Бог на мирот те доведе до состојба на мир или сѐ уште владее бучавата и борбата? Дали сѐ уште се држиш за некое свое тврдоглаво верување? — сѐ уште се бориш со низа од работи кои ги сакаш.

Прашања за размислување: Што значи да дозволам мирот да владее во моето срце? Која е разликата помеѓу смиреноста и мирот?

Цитати преземени од „The Highest Good“ и „If You Will Ask“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 27Ден 29

Опис за овој план

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.

More

Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org