Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

25 ДЕН ОД 30

Повеќето луѓе не гледаат што е погрешно и за нив пророштвата како оние на пророкот Еремија звучат бесмислено. Никој не може да види дека нешто е погрешно, без да биде до Бог и без да биде разумен. Ако гревот е безначаен, тогаш можеме да проповедаме исцелување на луѓето и носење мир на некој друг начин; тогаш трагедијата на Крстот би била огромна грешка. Да се живее живот сокриен со Христос во Бог значи дека понекогаш гледаме какви се мажите и жените без Бога, од Божја гледна точка, а тоа исто така значи и взаемно посредување за нив, додека тие нѐ сожалуваат нас.

Исчисти ги од мене моите скриени гревови. Чувај го Твојот слуга подалеку од непристојни гревови. О, кога би можел да дојдеш во мене со Твојот мир и чистота.

Прашања за размислување: Зошто мора да точно да знаеме што е погрешно, пред да бидеме исправни пред Бог? Зошто е невозможно да има мир таму каде е присутен гревот? Зошто е потребна чистота за да имаш мир?

Цитати преземени од „Notes on Jeremiah“ и „Knocking at God’s Door“, © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 24Ден 26

Опис за овој план

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.

More

Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org