Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

21 ДЕН ОД 30

Откако човекот ќе доживее нановораѓање, ќе го искуси мирот, но тоа е мир кој се одржува во време на војна. Човекот станува свесен за едно наизменично искуство, понекогаш е во екстаза, понекогаш паѓа во дупка; нема стабилност, нема вистински духовен триумф или победа. Ако го земеме ова како искуство на целосно спасение значи да докажеме дека Бог не е оправдан преку Искупувањето.

Да се верува на Исус Христос значи да се сфатат зборовите што Исус му ги кажал на Тома: „Јас сум Патот, Вистината и Животот“. Исус не е патот кој останува позади нас додека патуваме, туку самиот Пат. Со вера во тоа, ние влегување во неговиот мир, светост и вечен живот, бидејќи пребиваме во Него.

Прашања за размислуавање: Каков мир добиваме на сила? Што е потребно за одржување на тој вид на мир? Зошто е потребен договор со Бог за вистински мир?

Цитати преземени од „Biblical Ethics“ и „Approved Unto God“ © Discovery House Publishers

Свето Писмо

Ден 20Ден 22

Опис за овој план

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.

More

Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org