Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Освалд Чемберс: Мир - Живот во духотПримерок

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

16 ДЕН ОД 30

Веднаш штом Божјиот Дух доаѓа во нас, почнуваме да сфаќаме што значи - сѐ што не е од Бог, треба да биде исчистено. Луѓето се изненадени и велат: „Јас го побарав Светиот Дух и очекував дека ќе ми донесе радост и мир, но, оттогаш не е баш најдобро.“ Тоа е знак дека Тој дошол, Тој ги исфрла „менувачите на пари“, односно работите што го прават храмот во трговско место за самореализација.

Биди дипломат. Биди мудар. Направи компромис на остроумен начин и ќе добиеш сè под своја контрола. Тоа е оној мир на кој се базира светот. Ние тоа го нарекуваме „дипломатија.“ Исус ја задржал Неговата вера во Божјите методи и покрај искушенијата кои биле толку мудри од секоја гледна точка, освен од гледиштето на Божјиот Дух.

Прашања за размислување: Каков „неред“ донел Исус во твојот живот? Што ако Тој е решен да исчисти и исфрли некои работи? Каква доверба можам да имам во дипломатијата?

Цитати преземени од „Servant as His Lord“, © Discovery House Publishers
Ден 15Ден 17

Опис за овој план

Oswald Chambers: Peace - Life in the Spirit

„Мир: Живот во Духот“ е инспирационо богатство на цитати од делата на Освалд Чемберс, светски познат писател на инспиративни приказни и автор на делото „Моето најдобро за Неговото Височество“ (My Utmost for His Highest). Најди засолниште во Бога и постигни подлабоко разбирање за важноста на Божјиот мир во твојот живот.

More

Благодарни сме на Discovery House Publishers за овој план. За повеќе информации, види: www.utmost.org