А раѓањето на Исус Христос се случи вака: по свршувачката на мајка Му Марија за Јосиф, уште пред да заживеат во заедница, се виде дека таа зачнала од Светиот Дух. А Јосиф, нејзиниот маж, бидејќи беше праведен, не сакаше да ја посрами и намисли тајно да ја остави.