Простор за дишењеПримерок
Јас признавам: Сакам да им угодувам на луѓето. (И ти исто?) Но, сфатив дека има нешто нецелосно во однос на таа титула. Да им угодуваш на луѓето, исто така значи и дека ќе ги разочараш. Да работиш до доцна за да му угодиш на твојот шеф, понекогаш значи да си го изневериш твојот пријател за вежбање во теретана. Да се придружиш на читателскиот клуб за да им угодиш на пријателите, понекогаш значи да го изневериш твојот животен сопатник кој те чека на фамилијарната вечера. Гледаш? Секое кажано да за да угодиш некому, е исто така не за тие кои ги разочаруваш.
Ако си како мене, ти се откажуваш од твојот простор за дишење, за да им угодиш на луѓето, правејќи сѐ. Ќе вечерам дома и ќе задоцнам неколку минути во читателскиот клуб.
Како што привршуваме со претставување на просторот за дишење, сакам да споделам една приказна од Стариот Завет - еден посебен стих - што смени една цела сезона од мојот живот. Стотици години пред Исус, Ерусалем бил освоен и скоро уништен. Обновувањето на неговите ѕидини било приоритет и Неемија бил тој што го водел тој проект. Еден ден, тој добил покана и неговиот одговор на таа покана стана стих кој ме дефинира мене. Неемија рекол: „…Јас овде работам важна работа и не можам да дојдам кај вас. Зошто работата да застане поради тоа што треба да дојдам кај вас?“
Кога првпат го слушнав овој стих, дома имав 3 мали деца, најстарото дете го школував од дома, а мојот сопруг во тоа време започнуваше црква. Ние имавме нула простор за дишење. А сепак, ми беше тешко да ги одбијам сите покани и можности.
Она што го најдов во изјавата на Неемија беше да се даде приоритет на најважните луѓе во мојот живот. Да се биде мајка беше мојата „важна работа“. Не можев во тој момент да „одам некаде“ да се придружам на некој одбор или да зборувам на некој собир за жени. Кажувајќи да на овие нешта, значеше не за „важната работа“, а тоа е моето семејство.
Драги дами, ние можеме да си се даваме себеси, нашето време, пари и нашиот простор за дишење, и како резултат на тоа да не ни остане доволно љубов за нашите најмили. Затоа, да си го вратиме просторот за дишење, со тоа што ќе им дадеме прво место на нашите најмили. А на сѐ останато, можеме да кажеме: „Јас сега работам важна работа и не можам да дојдам кај вас.“
Ако уживаше во овој план, можеш да го погледнеш видеото во 4 дела кое е преземено од бесплатната апликација со текстови за Простор за дишење.
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали понекогаш се чувствуваш како да не уживаш во ништо, бидејќи пробуваш да направиш премногу работи? Поминуваш низ животот дејствувајќи паралелно на повеќе полиња, заедно со твоите најмили. . .Постигнуваш резултати. Но, тоа те истоштува. Ти треба барем малку простор за да здивнеш. Со една покана која е изненадувачки едноставна, Бог ти нуди начин како да го замениш тоа напорно темпо на живот со нешто што ќе ти донесе мир. Овој план ќе ти покаже како.
More