Простор за дишењеПримерок
Не мора да си религиозен, за да знаеш како да ја практикуваш идејата за Сабат - денот за одмор. Сите уживаме во бавниот викенд, дали со спиење или со одмарање од метежот со разни активности преку неделата. Но, ако мислиш дека Сабат е само еден мирен неделен ден, го испушташ најдобриот дел - делот кој конечно ќе ти даде простор за дишење.
Ајде да одиме малку наназад во времето на Излез каде Бог нѐ запознава со Сабатот. Израелците биле робови во Египет 400 години, работејќи по цел ден, секој ден. После нивното ослободување, целата нација пешачи низ пустината уште 40 години. И таму Бог им дава заповед за Сабат - секоја недела да имаат посветено еден ден за одмор.
Бог им се обраќа на една група луѓе кои работеле по цел ден веќе стотици години и кои сега се обидуваат да најдат доволно храна за да прехранат илјадници луѓе во сред пустина, дека тие треба да одделат еден ден за одмор. Тоа сигурно им делувало апсурдно! Доколку некој ден не работат, тие ќе немаат што да јадат во тој ден.
Но, Бог нешто имал намислено. Во Излез 31:13, Тој објаснува дека почитувањето на Сабатот ќе биде знак дека „Јас сум Господ…“ Бог им рекол (и нам исто така), Јас сакам да ви докажам дека можете да ми верувате. Знам дека се плашите да не останете гладни. Но, јас ќе ви докажам, недела по недела, дека можете да ми верувате.
Претпоставувам дека ја знаеш приказната понатаму. Со мана и препелици, Бог одговорил на нивниот страв да не останат гладни, верно снабдувајќи им го лебот насушен, дури и за денот кога им рекол да не работат, туку да се одмараат.
Божјата заповед да се одмориме е всушност покана да Му веруваме. Кога се плашиме дека ако кажеме НЕ на поканата и со тоа ќе ги повредиме нашите пријатели, можеме да Му веруваме на Бог дека ќе го заштити тоа пријателство. Кога се плашиме дека нашата куќа е премногу мала, или нашата кола премногу стара, можеме да му веруваме на Бог дека нашата вредност не се мери со такви материјални работи. Да му веруваме на Бога наместо да шкрипиме со забите и да се напрегаме преку нашите граници е начинот за конечно, трајно да најдеме простор за дишење.
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали понекогаш се чувствуваш како да не уживаш во ништо, бидејќи пробуваш да направиш премногу работи? Поминуваш низ животот дејствувајќи паралелно на повеќе полиња, заедно со твоите најмили. . .Постигнуваш резултати. Но, тоа те истоштува. Ти треба барем малку простор за да здивнеш. Со една покана која е изненадувачки едноставна, Бог ти нуди начин како да го замениш тоа напорно темпо на живот со нешто што ќе ти донесе мир. Овој план ќе ти покаже како.
More