Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Простор за дишењеПримерок

Breathing Room

1 ДЕН ОД 5

Во тоа хаотично секојдневие исполнето со состаноци, настани, обврски, справување со децата, грижење за родителите, служење на другите, пробувајќи да се најде „време за себеси“, плаќање сметки, трчање низ град, исцрпување и губење на енергија... Понекогаш сакам буквално да „легнам на зелени пасишта“ или да „седнам покрај мирни води“. (Иако ќе се задоволам и со тоа да седнам на балконот, на раат да се напијам една шоља кафе. Исто така и ти?)

Ни треба простор за дишење.

Просторот за дишење е просторот кој се наоѓа помеѓу твоето темпо на живеење и твоите граници. Тоа би можело да биде еден опуштен разговор со најблискиот пријател. Вечера на масата дома, наместо јадејќи нешто по пат. Да бидеш во можност дарежливо да подариш нешто, бидејќи не ти е потрошен секој денар што го имаш заработено. Просторот за дишење претставува еден свесно успорен и намален живот, простор за кој имаш поставено нови приоритети.

Знам дека ќе се согласиш со тоа да живееш на таков начин дека звучи подобро отколку да имаш чувство на претерана посветеност, истоштеност и презаситеност. А сепак, еден поглед кон твојот списокот со активности или твојот календарот веројатно покажува дека, како и на сите нас останати, дека се бориш да успориш.

Тогаш, што те турка да живееш дури и преку твоите граници?

Тешко е да се препознае и помалку тешко да се признае, но за мене, тоа е стравот. Страв ми е да не испуштам нешто, па затоа се обидувам да стигнам на вечера со девојките, иако сум исцрпена. Страв ми е да не заостанам позади сите останати, па затоа онлајн пребарувам нов автомобил, иако на мојот ништо не му недостига. Страв ми е да не ги разочарам луѓето, па затоа се согласувам да бидам дел од организациски тимови, иако не сум баш воодушевена од проектот... дали ова ти звучи познато?

Стравот шепоти лаги дека сме изоставени и заостанати и затоа ги полниме нашите календари со обврски и ги цедиме нашите банкарски сметки. Стравот ни го краде нашиот простор за дишење. Но, дали ја знаеш најповторуваната заповед во целата Библија? Не се плаши. Бог ни вели да не дозволуваме стравот да нѐ победува. Тој ни нуди еден изненадувачки едноставен план за како да го победиме стравот.

Утре ќе погледнеме на кој начин Бог нѐ поканува (веќе илјадници години) да си дозволиме простор за дишење во нашите животи. Во меѓувреме, погледни во твојот календар и запрашај се: Дали има некоја работа на која се имам согласено да учествувам, само поради стравот да не изоставам нешто или да не разочарам некого ако речам НЕ?

Ден 2

Опис за овој план

Breathing Room

Дали понекогаш се чувствуваш како да не уживаш во ништо, бидејќи пробуваш да направиш премногу работи? Поминуваш низ животот дејствувајќи паралелно на повеќе полиња, заедно со твоите најмили. . .Постигнуваш резултати. Но, тоа те истоштува. Ти треба барем малку простор за да здивнеш. Со една покана која е изненадувачки едноставна, Бог ти нуди начин како да го замениш тоа напорно темпо на живот со нешто што ќе ти донесе мир. Овој план ќе ти покаже како.

More

Благодарни сме на North Point Ministries и Сандра Стенли (Sandra Stanley) за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://breathingroom.org