Простор за дишењеПримерок
Парите според Бог не се само пари. Тие се повеќе од денари, центи, заеми и буџети. За Бог, насоката на движење на твоите пари ја означува наклонетоста на твоето срце. Како ги трошиш (или како што денес ќе видиме, дали сакаш да не ги потрошиш сите) му покажува на Бог колку си спремен да го следиш Него. Ова е причината зошто потребата од граница - или простор за дишење - не е само најдобар начин да управуваш со твојот распоред, туку исто така е и најдобар начин да управуваш со твоите пари.
Што значи да управуваш со твоите пари со мерка? Тоа значи да не го потрошиш секој денар што си го заработил. Да оставиш малку простор за дишење помеѓу парите што ги заработуваш и тие што ги трошиш. Денешниот стих од Евангелието по Лука ни објаснува зошто управувањето со своите пари е од големо значење за Бог. На крајот на долгата парабола, Исус се погрижува да им ја објасни поентата на големата толпа што го слуша и вели: „Не можете да им служите на двајца господари... Не можете да им служите и на Бог и на парите.“ Пред две илјади години, истите луѓе што го слушале Исус, можеле да бидат затворени и дадени како робови поради неплатен долг. Денес, твојот господар може да биде банката или хипотекарот. Но, резултатот е ист: некој друг добива власт да донесува одлуки за твојот живот.
Бог можеби те повикува да се преселиш во друг град, но ако си заглавен со хипотека и не можеш да ја продадеш твојата куќа, нема да си слободен да го направиш тоа и да го следиш. Можеби те повикува да посвоиш дете, но ако имаш трошено премногу наместо да штедиш, не можеш да си го дозволиш тоа и не можеш да го следиш. Можеби сметаш дека треба да дадеш отказ на работа, но твојата фамилија не може да си дозволи да ја изгуби твојата плата, бидејќи не можете без неа да живеете.Како управуваш со парите е многу важно за Бог, бидејќи можеби поради состојбата на твојата тековна сметка нема да можеш да кажеш да на работите што Тој те повикува да ги правиш.
Затоа ни е потребен финансиски простор за дишење. Управувањето на парите со мерка (пр. да не си во долгови, да трошиш разумно, да го ограничиш твојот животен стандард) ќе ти даде слобода за дарежливост во соодветните прилики, да им служиш на другите, да кажеш да кога Тој ќе ти рече оди. Тоа ти дава слобода да го следиш Бог во најдобрата верзија од твојот живот.
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали понекогаш се чувствуваш како да не уживаш во ништо, бидејќи пробуваш да направиш премногу работи? Поминуваш низ животот дејствувајќи паралелно на повеќе полиња, заедно со твоите најмили. . .Постигнуваш резултати. Но, тоа те истоштува. Ти треба барем малку простор за да здивнеш. Со една покана која е изненадувачки едноставна, Бог ти нуди начин како да го замениш тоа напорно темпо на живот со нешто што ќе ти донесе мир. Овој план ќе ти покаже како.
More