Простор за дишењеПримерок
Ако некогаш имаш одбележано роденден, имаш учено за завршен испит, се имаш венчано, имаш добиено бебе или го имаш прославувано Божиќ, тогаш „ги имаш броено деновите“. Најверојатно тој процес го немаш иманувано баш со тие зборови, но ти точно знаеше уште колку денови за шопинг, за учење или денови на самотија, ти останувале до големиот настан.
Во денешниот стих од Псалм 90, Мојсеј го моли Бог да ни помогне да го живееме секој ден, со иста свесност како да имаме некој рок - „научи нѐ да ги броиме деновите.“ Кога Божиќ доаѓа за три дена, а ти уште не си купил подароци, сигурно не одмараш на каучот и си гледаш празнични филмови. Тогаш имаш приоритетни работи што треба да ги завршиш. Свесноста дека времето ти е ограничено, те тера да поставиш граници за тоа што правиш со твоето време.
Секогаш ќе имаме настани за посетување, проекти за завршување, организациски тимови за да се приклучиме, патувања и обврски што треба да се завршат. Стравот ќе ти шепоти дека е подобро да завршиш сѐ, за да не навлезеш во неволја. Но, броењето на деновите ќе ти помогне да ги поминеш низ филтер сите тие барања за пополнување на твоето време. Тоа е начин да ги приоритизираш луѓето и обврските кои ти се најважни.
Ќе се приклучиш на тимот кој организира одредена активност само поради чувство на вина? Нема поента. Ќе одиш на службено патување кое ќе те оддвои цела недела од твоите деца? Не мора баш сега.
Кога ќе почнеме да го гледаме нашето време како ограничено, тогаш мудро ќе одлучиме што, или уште поважно кој е вреден за нашето ограничено време. Мојсеј вели „ќе добиеме срца на мудрост.“ Ако се имаш преполнето со обврски, со работа или со исцрпеност, пробај да си ги броиш деновите. Разбери дека (иако се надеваш дека ќе живеете уште барем неколку децении) твоето време е ограничено и мораш да одлучиш како ќе го користиш. Ти ветувам, ако применуваш таков филтер, во твојот преполн распоред ќе го добиеш она за што копнееш, а тоа е посакуваниот простор за дишење.
Утре ќе разгледаме еден сличен филтер кој ќе ти помогне во финансиите да добиеш простор за дишење. Во меѓувреме, запрашај се: На која активност или обврска не сакам повеќе да го трошам моето ограничено време?
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали понекогаш се чувствуваш како да не уживаш во ништо, бидејќи пробуваш да направиш премногу работи? Поминуваш низ животот дејствувајќи паралелно на повеќе полиња, заедно со твоите најмили. . .Постигнуваш резултати. Но, тоа те истоштува. Ти треба барем малку простор за да здивнеш. Со една покана која е изненадувачки едноставна, Бог ти нуди начин како да го замениш тоа напорно темпо на живот со нешто што ќе ти донесе мир. Овој план ќе ти покаже како.
More