Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЗаветотПримерок

The Vow

6 ДЕН ОД 6

Завет за молитва

Џејсон и Кристи се најдобри пријатели кои се во брак 10 години. Тие често одат со нивното куче и четири деца на водени, планински и фамилијарни авантури.

Кристи:

"Дух Свети ние те каниме во овој брак. Имаме потреба од Тебе во овој брак. Те каниме Тебе на нашата свадба, на нашиот меден месец, и во нашите животи кога заедно ќе се вратиме дома." Се беше испланирано на денот на нашата свадба. И тогаш мојот нов сопруг направи нешто не планирано. Шепна имрповизирана молитва на олтарот. Јас не знаев како оваа молитва би се движела низ времето и ситуациите за да донесе повеќе слобода и благослови од она што ние очекуваме. Ваквите моменти прават да ја откриеш моќта на молитвата, кои инспирираат понизно да ги подигнеш своите приоритети и благодарност на Бог. 

Колку повеќе се молам, толку повеќе разбирам дека Бог не го движи твојот живот по патеката која ја бараш во своите молитви. Но, колку повеќе се молиш, толку повеќе си сигурен дека Тој работи за твое добро како што се движи во и низ твојот живот. Одлуката да се молиме—заедно и одвоено—нема да го направи вашиот брак лесен или перфектен, но ќе го направи целосен. Навлезени во десеттата година, нашата молитва звучи вака, “Боже, која е твојата мисија за нашиот брак?” 

Џејсон:

Како што напомена Кристи, уште на почетокот јас дадов завет за молитвата да стане дел од нашиот брак. Но, повеќето од моите молитви се полни со информации за Бог. “Еј Боже, Кристи ми прави проблеми денес,” или, “Некако сум нерасположен денес. Дали може да помогнеш?” Или можеби, “Асмата на детето се активира, куќата си бара работа, нашето комбе има потреба од механичар, и моментално недостасуваат пари, Боже. Дали го знаеш ова?” Не ме разбирај погрешно, му благодарам за многу работи исто така, но дури и моите благодарности се полни со информации. “Боже, оваа работа и проект и оваа врска функционира супер—ти благодарам за тоа.” Знаеш што разбрав неодамна? Поентата на молитвата е далеку од тоа да го направиш Бог свесен за твојот живот, но е блиску до тоа да го направиш својот живот свесен за Него. Па, сега се молам да го направи мојот брак, мојата фамилија, мојата работа, и моите ствари повеќе свесни за Него. Јас сеуште му кажувам на Бог за како ми оди во животот бидејки сме близу и јас сакам да го споделам мојот живот со Него. Но сега кога се молам, дозволувам Неговата вистина, Неговото присуство, и Неговата љубов да зборува во мојот живот за тоа кој е Тој. Како? Со слушање. Следниот пат кога ќе се молиш, помини повеќе време во слушање него ли во зборување. И потроши колку можеш зборови да го прославиш наместо да го информираш. 

Моли се: Доколку си во брак, моли се со својата сопруга денес гласно и одлучете кога ќе се молите следен пат заедно. Доколку не си во брак, сега е перфектното време да ја направиш молитвата регуларен дел од својот живот. 

Прочитајте повеќе божји перспективи за бракот, сексот, врските и самостојноста.

Ден 5

Опис за овој план

The Vow

Во овој план, шест брачни парови пишуваат за шест свадбени завети кои никогаш не ги кажале на олтарот. Овие завети за припрема, приоритети, потрага, партнерство, невиност и молитва се заветите кои прават браковите да траат долго после свадбата. Независно дали сте во брак или само размислувате за тоа, време е да направите завет

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/