Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ЗаветотПримерок

The Vow

2 ДЕН ОД 6

Заветот за приоритет

Јонатан и Мишел се во брак 10 години и се чувствуваат најдобро додека служат на другите, и се смеат со нивните пријатели.

Јонатан:

“Не треба да имате други богови пред мене.”

Изгледа едноставно. Јас не прославувам богови од други религии. Секако дека не се поклонувам на фикционална висока моќ или следам учења од друга вероисповест. Провери. Ја почитувам таа клучна заповед. Но каква поврзаност има ова со бракот?

Не се брзајте. Пробајте да го прочитате ова вака, “немајте друго нешто или друга личност пред мене.” Работи кои лесно можам да ги ставам пред Христос: мојот брак, мојата работа, моите деца, моето здравје, и многу други. Сите се добри нешта. Се додека го поместат Бог од врвното место. Тогаш се тие богови. Еве што јас разбрав: кога животните потреби се оптоварувачки, често е така поради тоа што сум поставил нешто или некого пред Бог. 

Да не поставиш некого пред Христос не е лесно, но е за твое добро. Кога твоите приоритети се подредени—прво Бог, после тоа бракот—не само што има хармонија во твојот брак, туку има длабок мир, комфорт, и духовна доверба која неможе ништо да ја сопре. 

Мишел:

Пречесто, се случува да разберам дека случајно сум го заменила Бог како #1 и Јонатан како #2 со други нешта поради недостаток од јасни приоритети! Дури го имав поставено моето омилено хоби пред се! 

Да го поставиме Бог на прво место значи намерно да посветиме време со Него, да читаме од Неговиот Збор, да го бараме Него пред било што друго. Пред сè! Ова нема ефект единствено врз мене. Кога моите приоритети се погрешни, моите потреби не се задоволени, па барам од Јонатан да ги задоволи. Во основа, барам од него да ме постави мене пред сè. Тоа едноставно не е фер. Само Бог може да ги задоволи моите потреби комплетно. Благодарно, учам и изучувам дека мојот брак може да биде толку силен колку што сум јас силна во Господ. И тоа функционира само доколку го поставам Бог пред сè! 

Моли се: Боже, што поставив на прво место? Второ место? Трето место? Дали ќе ми дадеш сила да имам разговори и направам одлуки кои ќе постават ред во моите приоритети? Амин. 

Ден 1Ден 3

Опис за овој план

The Vow

Во овој план, шест брачни парови пишуваат за шест свадбени завети кои никогаш не ги кажале на олтарот. Овие завети за припрема, приоритети, потрага, партнерство, невиност и молитва се заветите кои прават браковите да траат долго после свадбата. Независно дали сте во брак или само размислувате за тоа, време е да направите завет

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/