ЗаветотПримерок
Завет за партнерство
Во брак 17 години, Михаил и Шели работат заедно, играат заедно, јадат заедно, љубат заедно, и одгледуваат три ќерки заедно. Тие гледаат на бракот како партнерство во “едно тело.” Но не беше секогаш на овој начин.
Шели:
На почетокот од нашиот брак, бев исплашена еден период. Михаил сакаше да ужива цел ден на фудбал додека јас гледав на Саботите како “ден за уживање”. После неколку сезони фудбал и фрустрации, се решив да се молам. Јас само посакував мојот сопруг да ги прави работите кои јас сакав да ги правам (себично, знам). Бог ми помогна со оваква мисла, “Можеш ли да го сакаш сето она што тој го сака?” Фудбалот во Саботите постана “нашата” работа. Погодете што се случи следно? Михаил започна да ја стопира играта за да ми помогне со моите проекти. Бог ми помогна да разберам дека не сум го третирала мојот сопруг како партнер. Всушност, не можев ни да разберам што значи партнерство. Денес, нашиот брак е посилен од кога било. Ние сме едно тело—три сламки кои не може лесно да се скршат. И тоа го препишувам претежно на тоа што научивме да се љубиме еден со друг, љубејки ги страстите еден на друг.
Михаил:
Шели и јас сме партнери долго време, па е лесно да ја сватам површно. Понекогаш се чувствувам како јас да сум тој што ја прави целата работа додека она е само поведена од моментот. (Знам, знам.) И кога се чувствувам така, се кладам дека и таа се чувствува исто така. Неодамна, Шели одпатува надвор од градот за една недела, и било кои поими на момент кои ги креирав си заминаа со неа. Пробувајки да направам фризура, спакувам оброк, направам кафе, и да ги испратам децата на автобус—работи кои ги правиме заедно секојдневно—ме преоптоварија. Поминаа 17 години, и јас сеуште учам дека имаме уникатни силни страни во нашето партнерство. Нејзините силни страни ги надополнуваат моите слабости, и моите-нејзините. Си одговараме. Двајцата постануваме “едно тело.” Не дека ме прави комплетен. Само Бог го прави тоа. Но, во заедништво со Него ние сме две комплетни индивидуи споени заедно во огнот на страстите и различноста во нешто тотално ново. И верувајте ми, ние сме многу подобри заедно.
Моли се: Боже, помогни ми да гледам на бракот како партнерство од страсти, како две единки постануваат едно. Помогни ми да не се фокусирам на моите желби или на сопругата за мое исполнување, туку само на Тебе. Помогни ми да пристапам во брак целосен, спремен за партнерство.
Опис за овој план
Во овој план, шест брачни парови пишуваат за шест свадбени завети кои никогаш не ги кажале на олтарот. Овие завети за припрема, приоритети, потрага, партнерство, невиност и молитва се заветите кои прават браковите да траат долго после свадбата. Независно дали сте во брак или само размислувате за тоа, време е да направите завет
More