ЗаветотПримерок
Заветот за невиност
Кога Џејмс ја запозна Менди, тој знаеше дека таа беше правата. Менди … не толку многу. Но, годините пријателство постанаа прекрасен брак. Една година во брак, тие ја сметаат невиност како една од нивните најважни обврски.
Менди:
Јас пораснав околу црквата, па кога бев дете, сите мои пријатели зборуваа за чистота. Прстените на невиност беа многу популарни. Претпоставувам невиноста беше нешто околу тоа да не се дава своето тело на некое момче. За мене, тоа значеше дека нема бакнување или било што друго додека да стапам во брак. Мислам дека многу луѓе гледаат на невиноста на овој начин. Се се врти околу тоа да не направиш нешто физички. Од тогаш, научив дека тоа е всушност многу повеќе. Невиноста е за твоето срце.
Невиноста е многу помалку за тоа да не направиш нешто, и многу повеќе за тоа да направиш нешто. Кога Џејмс и јас се гледавме, наместо да одбегнуваме да направиме нешто, одбравме да трагаме по Бог првенствено. Кога вистински го бараш Бог со сето свое срце, Тој ти помага да останеш невин. Сега кога сме во брак, сеуште сме невини. Но тоа не значи дека апстинираме! Никогаш нема да го заборавам моментот на нашиот меден месец. Полн со емоции, разбрав колку е свет нашиот брак. Го погледнав Џејмс, и му кажав, “Сега го разбирам ова повеќе од кога и да е. Изборот за невиност е исплатлив.” Па, дури иако сте направиле грешки, сеуште може да изберете невиност поради тоа што невиноста е потрага по Христос со сето свое срце. Ти ветувам—вреди.
Џејмс:
За разлика од Менди, јас не пораснав во црква. Невиноста беше голем предизвик. Во текот на моите тинејџерски години, развив не здрава перцепција за жените и деструктивна врска со порнографија. После дипломирање во средно школо, го посветив мојот живот на Христос. Знаев дека сакам да се оженам со некоја која трага послушно по Исус со се што има. Исто така знаев дека за да добијам таква девојка значи дека исто така и јас треба да трагам послушно по Исус. Па, ги променив поставките на мојот телефон да можам да пристапувам само на вебстрани кои ми требаа за работата. Исто така, имав близок пријател кој постојано ме прашуваше како сум. Мојот пастор, Крег Грошел, кој убаво кажа, “Зошто да бидеш отпорен на искушение утре кое можеш да го елиминираш денес?” Една година во брак, Менди и јас разбравме дека заветот за невиност останува важен денес исто како што беше важен уште пред да се запознаеме. И како што кажа Менди, вреди.
Кажете на некого: Доколку се борите со невиност било да сте во брак или не, денес е вашиот ден да се отворите према луѓето кои ги љубите и почитувате. Срамот расте во темнината, но вие сте ослободени од светлината на светот!
Опис за овој план
Во овој план, шест брачни парови пишуваат за шест свадбени завети кои никогаш не ги кажале на олтарот. Овие завети за припрема, приоритети, потрага, партнерство, невиност и молитва се заветите кои прават браковите да траат долго после свадбата. Независно дали сте во брак или само размислувате за тоа, време е да направите завет
More