ЗаветотПримерок
Заветот за потрага
Рајан и Ашија се средношколска љубов. После три години врска, тие стапија во брак, само 5 месеци пред да ја напишат денешната посвета за меѓусебна потрага!
Рајан:
Првото нешто кое требаше да го научам во бракот е потрагата не завршува на олтарот. Додека растев секогаш си напоменував дека нема да бидам зависник од работа кој никогаш не поминува време со неговата фамилија. Не разбирав колку е лесно да се падне во таа стапица. Само неколку недели во брак, морав да научам како да не ги носам дома моите фрустрации од работа, моите работни задачи, или работниот компјутер. На пат до дома, започнав да се молам за Бог да ми помогне да намалам брзина и намерно да ја променам насоката на размислувањето и срцето од работата према мојата сопруга. Збунета сопруга и работа—едноставно не функционира. Премногу е лесно да си кажеш сам на себе, “Мојата жена секогаш ќе биде тука. Сега морам да работам повеќе за да можам да уживам со неа подоцна.” Но она по кое трагаш и го цениш е таму каде што ќе завршиш подоцна. Исус не подучува во Матеј 6:21 дека срцето е таму каде што е твоето богатство и никогаш да не ја откажеме таа потрага. Заветот на потрагата е знаењето за тоа каде е твоето богатство и вечна упорност во потрагата по тоа богатство.
Ашиа:
За мене и Рајан, бракот со себе донесе вграден партнер со одговорност према потрагата на нашите срца за Бог, засекогаш. Ние редовно се предизвикуваме еден со друг да ја растеме нашата љубов и страст за Бог и неговиот Збор. Како резултат на тоа, расте мојата желба за потрага по Рајан. Во исто време, гледам како неговото срце е отворено за грижа и страст за мене. Заветот за потрага по Бог, па меѓусебно, ја направи нашата врска и нашиот брак посилен.
Звучи перфектно, нели? Епа, ни требаше само неколку месеци брак за да разбереме дека сме далеку од овој идеал. Се гледам себеси како трагам по Рајан со тоа што пробувам јас да му ги задоволам сите негови потреби. Тогаш, одам во спротивна насока, пробувајки да се грижам само за самата себе. Ова напред назад може да биде болно и безкрајно се додека не се потсетиме на нашиот предизвик да трагаме прво по Бог. Гледаш, кога трагам по Бог, Тој за возврат буди желба во мене да служам и да трагам по Рајан. И кога верувам во Бог и во Рајан, гледам дека моите потреби се задоволени. Тоа е како паралелна потрага. Да го парафразирам апостол Павле од Филипјаните 1:27, Рајан и јас сеуште стоиме цврсто во заеднички дух, со заеднички разум целиме паралелно на верата во евангелието. Како оваа потрага функционира толку добро?Бидејки првенствено Бог е во потрага по нас.
Испланирајте нешто: Доколку сте во брак, изпланирајте состанок, ручек, или само разговор за разгорување на потрагата. Доколку не сте во брак запишете ги работите по кои трагате од Бог и еден од друг, кои сакате да ги видите во вашиот брак.
Опис за овој план
Во овој план, шест брачни парови пишуваат за шест свадбени завети кои никогаш не ги кажале на олтарот. Овие завети за припрема, приоритети, потрага, партнерство, невиност и молитва се заветите кои прават браковите да траат долго после свадбата. Независно дали сте во брак или само размислувате за тоа, време е да направите завет
More