Во исчекување на Божиќ: 5 дневен план за АдвентПримерок
Најголемиот подарок
Размисли каков ќе беше твојот живот ако Бог никогаш не го испратеше Својот син? Размисли како ќе беше да постоиш без ветувањето за вечен живот и без можноста за поврзување со Бог? Како тоа ќе влијаеше на твоите врски, на твојата свесност за себе и на твојата визија за иднината?
Заради Божиќ тоа никогаш не може да биде реалност.
Раѓањето на Исус е физичка манифестација на огромната Божја љубов кон човештвото. Никогаш нема да искусиме живот одделен од Спасителот заради тоа што Бог го испрати Својот Син да биде со нас.
Без разлика колку ти е тежок или зафатен овој период ние те каниме да ја искусиш Божјата љубов одново. Одвои некое време за да размислиш што навистина Исусовото раѓање значи за тебе? Кога ќе завршиш кажи ја молитвата подолу.
Молитва за Љубов:
Боже,
Ти благодарам што ме љубиш толку многу што го даде Својот Син за мене уште пред јас да те засакам Тебе.
Преку твојата милостива и истрајна љубов јас го разбирам вистинското значење на Божиќ.
Како што наближува Божиќ, помогни ми да го разберам значењето на подарокот што Ти ми го даде преку Својот Син.
Ти трансформирај ме во личност која ги љуби другите онака како што ти ме љубиш мене.
Боже покажи ми како да чекорам постојано во Твојата љубов, во љубовта која го изгонува секој страв.
Те љубам, Господе.
Во името на Исус Христос се молам,
Амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Многу често, Божиќните празници поминуваат без да имаме шанса да се фокусираме на подготвување на нашите срца за дочек. Адвент е начин преку кој се потсетуваме дека Бог дојде на земјата за да биде помеѓу нас, Тој е со нас и повторно ќе дојде. Во наредните 5 дена ќе ги проучиме четирите теми за Адвент: надеж, мир, љубов и радост.
More