Во исчекување на Божиќ: 5 дневен план за АдвентПримерок
Ветувањето на Мирот
Ангелот пак им рече: „Не бојте се, зашто, еве, ви најавувам добра вест, голема радост, која ќе биде за сите народи: зашто денес ви се роди Спасител, во Давидовиот град, Кој е Христос Господ..” Лука 2:10-11 МКВ
Приказната за Божиќ се спомнува во четири глави во Библијата, во кои фразата „не бој се“ е спомната пет пати.
Времето околу Исусовото раѓање беше сѐ само не и мирно. Пред сѐ имаше тензија во врската помеѓу Јосиф и Марија. Исто така во тоа време имало политички случувања. Тоа беше скршен свет кој беше очаен за Спасител. Дали ти звучи познато?
Раѓањето на Исус е еден од најважните чекори во Божјиот план за искупување на светот. Исусовото доаѓање беше една искра, беше само почетокот на нешто иако изгледаше толку мрачно и како да следи очаен крај.
Бог ни го прати Својот Син бидејќи Бог сака да го искусиме Неговиот совршен мир. Сега ако можеш успори за да размислиш во која област од твојот живот имаш потреба од Бог да ти го смири срцето, онака како што Бог направи за Марија, Јосиф и овчарите пред многу години.
Молитва за Мир:
Боже,
Ти благодарам што го прати Својот Син, Принцот на Мирот.
Те молам исполни го моето срце и ум со Твојот мир. Ти ги знаеш моите мисли, мислите кои ми натежнуваат исполнети со грижа, неспокој или страв.
Помогни ми да се фокусирам на Тебе и помогни ми да го препознаам присуството на Твојата љубов према мене.
Ти благодарам што се грижиш за мене и што се бориш со мене. Ти никогаш не ми даваш дух на страв, но ми даваш живот и мир.
Помогни ми да ти ги предадам стравовите и да ти верувам со целото свое срце овој Божиќ.
Во името на Исус Христос се молам,
Амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Многу често, Божиќните празници поминуваат без да имаме шанса да се фокусираме на подготвување на нашите срца за дочек. Адвент е начин преку кој се потсетуваме дека Бог дојде на земјата за да биде помеѓу нас, Тој е со нас и повторно ќе дојде. Во наредните 5 дена ќе ги проучиме четирите теми за Адвент: надеж, мир, љубов и радост.
More