Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Во исчекување на Божиќ: 5 дневен план за АдвентПримерок

Anticipating Christmas: A 5-Day Advent Plan

1 ДЕН ОД 5

Во исчекување на Божиќ

Зашто, ни се роди Дете, Син ни се даде, власта му е на рамото. Името ќе Му биде: Чудесен Советник, Силен Бог, Вечен Татко, Кнез на Мирот. Исаија 9:6 МКВ

Што очекуваш за овој Божиќ? Можеби поминуваш низ процесирање на некоја тешка одлука и имаш потреба од Чудесен Советник? Или можеби се осеќаш дека го достигна крајот и потребен ти е Силниот Бог. Или можеби не е возможно да бидеш со семејството овие Божиќни празници и потребен ти е Вечниот Татко. Или можеби имаш конфликт во својата глава и очајно ти е потребен Принцот на Мирот. 

Многу често празниците доаѓаат изненадно и времето поминува толку брзо што тешко се наоѓа шанса да се фокусираме на вистинската причина за Божиќ… но, не мора да е така 

Адвент ни служи како сезона на исчекување и рефлектирање кое ќе не воведе кон Божиќ. Преводот од латински за Адвент значиважно пристигнување, пристапување, или доаѓање . Тоа е период кој е фокусиран на потсетување што Бог направил и исчекување за она што ќе го направи. 

Адвент е начинот на кој се потсетуваме дека Бог дојде да биде со нас, дека сеуште е со нас, и дека ќе дојде повторно. Имаме пристап кон Божјиот моќен и вечен совет и мир затоа што го испрати својот Син, па Тој да стане Емануел, “Бог со нас.” Се молиме и чекаме за повторното доаѓање на Нашиот Спасител, на истиот начин како што Израелците чекаа исполнување на пророштвата за Месијата од Стариот Завет. 

Нашата надеж е дека овој план ќе ти помогне да се фокусираш на вистинското значење за Божиќ. Секој ден, ќе истражиме по една од темите на Адвент: Надеж, Мир, Радост и Љубов. 

Приклучи ни се и спреми го своето срце за доаѓањето на Нашиот Спасиел.

Ден 2

Опис за овој план

Anticipating Christmas: A 5-Day Advent Plan

Многу често, Божиќните празници поминуваат без да имаме шанса да се фокусираме на подготвување на нашите срца за дочек. Адвент е начин преку кој се потсетуваме дека Бог дојде на земјата за да биде помеѓу нас, Тој е со нас и повторно ќе дојде. Во наредните 5 дена ќе ги проучиме четирите теми за Адвент: надеж, мир, љубов и радост.

More

Овој оригинален Библиски план е напишан од YouVersion.