Во исчекување на Божиќ: 5 дневен план за АдвентПримерок
Радоста која нѐ чека
И кога ја видоа ѕвездата, се зарадуваа со многу голема радост. И кога влегоа во куќата, го видоа Детето со Неговата мајка Марија, и паднаа ничкум и Му се поклонија; ги отворија своите сокровишта и Му принесоа дарови: злато, темјан и смирна.. Matthew 2:10-11 МКВ
Радост: славење - исполнето со сигурност дека Бог има контрола и прави сѐ за наше добро и Негова слава.
Некогаш е тешко да се чувствуваш радосен кога празниците се ближат. Празниците знаат да бидат стресни, зафатени, осамени или болни.
Но, радоста која Исусовото доаѓање ја носи не е условна ниту минлива туку е трајна и непроменлива радост. Тоа е радост која го надминува човековото разбирање.
Исусовото раѓање воопшто не беше царско раѓање како што сите очекуваа да биде, сепак тоа промени сѐ! Во еден момент, Божјиот Син стана “Бог со нас”—и после 2000 години подоцна нашиот уморен свет слави и се радува.
Денес те повикуваме да се радуваш во чудото на Исусовото раѓање.
Молитва за Радост:
Исусе,
Ти благодарам што ти стана Емануел, Бог со нас. Заради Тебе јас можам да искусам вистинска радост.
Ти си достоен за сета слава, чест и моќ — и без разлика со што ќе се соочам јас избирам да те славам.
Помогни ми да се радувам во моментите на испитувања бидејќи знам дека ти градиш нешто прекрасно и вечно во мене.
Господи, потсети ме да се засолнам во Тебе и да најдам радост. Твојата утеха ми дава обновена надеж и радост. Во Твоето присуство е полнотата на радоста!
Исусе заради Твоето понизно доаѓање пред повеќе од 2000 години јас навистина можам да ја искусам радоста и Твоето присуство.
Во името на Исус Христос се молам,
Амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Многу често, Божиќните празници поминуваат без да имаме шанса да се фокусираме на подготвување на нашите срца за дочек. Адвент е начин преку кој се потсетуваме дека Бог дојде на земјата за да биде помеѓу нас, Тој е со нас и повторно ќе дојде. Во наредните 5 дена ќе ги проучиме четирите теми за Адвент: надеж, мир, љубов и радост.
More