Во исчекување на Божиќ: 5 дневен план за АдвентПримерок
Радоста на Надежта
Замисли си дека е темно, ноќта е тивка, а ти се наоѓаш во едно поле исполнето со многу овци. И одеднаш, се појавуваат ангели и објавуваат дека после 400 години чекање, дојде надежта за светот - бебето наречено Емануел “Бог со нас.”
Лесно би било да се фокусираме на тешките околности или искуства, особено после предизвиците во изминатите години, но Адвент ни нуди можност да се потсетиме на Божјите ветувања и да ги насочиме нашите погледи кон Исус.
Овој период нѐ потсетува на тоа дека имаме пристап до истата надеж која овчарите ја имаа многу години наназад—пристап кон сознанието дека Бог над целиот универзум се приклонува кон нас за да го слушне плачот и да ги исцели нашите срца.
Без разлика на тоа колку темнината изгледа голема и застрашувачка, можеме со сигурност да веруваме во ветувањата напишани во Божјиот збор. Одвој време и размисли за Божјата верност додека се потпираш на надежта која ја носи овој период.
Молитва за Надеж:
Боже,
Како што доаѓа Божиќ, помогни ми да успорам и да се присетам на сѐ што Ти си направил во мојот живот, во моето семејство и во мојата заедница.
Те славам Боже, бидејќи Ти си Бог кој спасува. Ти благодарам што мојата надеж е во Тебе а не во околностите или во луѓето.
Бидејќи се надевам на Тебе, јас сум сигурен/на дека ти ќе ги исполниш Твоите ветувања. Потсетиме денес за она што навистина е важно. Помогни ми да видам дека Ти работиш постојано додека јас чекам.
Доведи ме поблиску до Тебе овој Божиќ, припреми го моето срце за исполнувањето на Твоите ветувања.
Во името на Исус Христос се молам,
Амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Многу често, Божиќните празници поминуваат без да имаме шанса да се фокусираме на подготвување на нашите срца за дочек. Адвент е начин преку кој се потсетуваме дека Бог дојде на земјата за да биде помеѓу нас, Тој е со нас и повторно ќе дојде. Во наредните 5 дена ќе ги проучиме четирите теми за Адвент: надеж, мир, љубов и радост.
More