Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Тагата боли: надеж за празницитеПримерок

Grief Bites: Hope for the Holidays

4 ДЕН ОД 5

Дали е возможна празнична радост...посебно на сред тажен период?

Дефинитивно е возможно да имате радост во тек на тажење!

Има разлика помеѓу среќа и радост исполнета со надеж.

Среќата има шанса да биде причинета од збир на емоции, мисли, околности и верувања. Радост исполнета со надеж добиваме само со разбирање за тоа колку многу нашиот Татко не љуби, уживајки во Неговата добрина и со тоа што ќе го добиеме Неговиот перфектен мир, охрабрување и одмор.
Да разбереме дека Бог има план за твоето повредено срце, исто како и за твојот живот во кој, Тој секогаш ја употребува болката за исполнување на тој план.
Да разбереме дека празничната радост може да ја најдеме ексклузивно преку Него!

Пред тажењето, мислев дека радоста за празниците е присутна поради планирањето и средба со фамилијата и пријателите. После тажењето разбрав дека најчистата празнична радост може да ја најдеме само во Бог.

Вистинската цел и значење на празниците, може да се најде во Божјо присуство.
Денот на благодарноста не претставува само ден во кој ние ќе искажеме благодарност за нашите љубени и земните благослови кои ни се дадени...Денот на благодарноста е ден на огромна благодарност поради тоа што имаме Бог кој не љуби и обожава! Благодарни сме за сѐ што Тој прави во нашите срца и животи, благодарни сме за бескрајното богатство кое го гради во нашите души и дека го имаме Него за вистински и најдобар пријател!
Важно е да сфатиме дека Бог за нас припрема место во вечноста, во Рајот се нашите сакани и едно поголемо и позначајно богатство, се доволна голема причина за да бидеме благодарни.

Божиќ не е причина за да поминеме само повеќе време во заедништво со саканите, да ги накитиме нашите елки и домови, да пееме Божиќни песни, да печеме или да гледаме Божиќна ТВ програма...Божиќ во најчиста форма е за нашиот Спасител кој ја напушти својата слава (можеш да замислиш?) за да наликува повеќе на човек и да ги спаси нашите души од гревот...само со цел да воспостави ексклузивна и интимна поврзаност со нас!

Тотално ме трогнува тоа што ја напуштил сета своја слава и восхитување во Рајот—чиста перфекција, радост и комплетна исполнетост придружена со 24/7 обожавање од ангелите—за да создаде специјален празник наречен Божиќ со цел да ни овозможи да му се придружиме и да имаме блиска поврзаност со Него! Ова предизвикува во мене потреба да се фокусирам на вистинската Божиќна приказна која ни нуди неверојатна надеж и прави да љубам и охрабрувам други луѓе на начинот на кој Тој ме љуби и охрабрува мене.

Бидејки Тој со љубов ни даде сѐ на секој еден од нас, јас се обидувам да се присетам на тоа, со тоа што исто така, со љубов ќе им давам подароци, охрабрувања, посебни спомени и дела преку кои ќе им служам на луѓето за да им покажам колку е голема благодарноста поради нивното присуство околу мене во текот на празниците.

Размисли за тоа како можеш да инвестираш во својата фамилија и пријатели во текот на празниците што доаѓаат.
Тоа ќе ти помогне да го развеселиш твоето отежнато срце и ќе ти овозможи да благословиш нечие друго срце во текот на овој процес.

Кога ќе се присетам на вистинското значење на Божиќ, тоа ме повикува да го поминам Божиќ трагајки по Божјото срце, прославувајки ја радоста која доаѓа преку Него и да бидам посвесен за тоа со кој можам да ја споделам Неговата љубов.

Можеби нема комплетно да ти ја одземе моменталната болка која ја чувствуваш, но со сигурност ова поседува моќ да ги исполни сите верници со вистинска радост преку нашето разбирање за неверојатната жртва која Бог ја направи за човештвото...сѐ со цел да овозможи искрено, вистинско и пријателство исполнето со љубов, со нас!

Да разбереме дека вистинската радост може да ја добиеме додека искусуваме тешки моменти, и дека тоа е подарок кој само Бог може да им го подари на нашите срца.

Денес, замоли го Бог за благословен подарок на радост и замоли го да можеш вистински да ја почувствуваш радоста во текот на овие празници.
Земи во предвид дека треба да го замолиш Бог да ти открие кого би можел да благословиш со љубов и охрабрување во овој празничен период.

Молитва:
"Небесен Татко, многу ти благодарам за сѐ што си направил за мене и мојата фамилија—во минатото, сегашноста и иднината—исто така ти благодарам за сѐ што ќе продолжиш да правиш за нас!
Те замолувам да ги исполниш нашите срца со Твојата надприродна радост! Помогни ни да можеме да ја почувствуваме Твојата радост која зрачи во нашите срца во овој празничен период. Направи го Твоето присуство јасно исто како и Твојата љубов, надеж, охрабрување и удобност! Јас те славам Тебе зошто можеме да ја искусиме Божјата радост и покрај тоа што некои од нас се повредени и живеат во болка. Колку и да се чувствуваме лошо или обесхрабрено, исполни ги нашите срца во овој празничен период со Твоето присуство и радост! Исполни нѐ со свежа надеж!
Помогни му на секој еден од нас да послужи како алатка за охрабрување, надеж, радост и мир за сите кои ќе ги поставиш на нашиот пат.
Те сакаме Тебе, Господе! Во името на Исус, амин."

Оваа посвета е © 2015 од Ким Најлс/Тагата боли. Сите права задржани. Употребено со дозвола од авторот.
Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Grief Bites: Hope for the Holidays

За многумина, празниците се време поминато во голема радост...но што се случува кога празниците ке ја загубат искрата и ќе се претворат во тешки предизвици поради некаква длабока тага или загуба? Овој специјален план за читање ќе им помогне на оние кои поминуваат низ тажен период, да најдат утеха и надеж во текот на празниците и ни открива како да создадеме значајна празнична атмосфера во моменти на тага.

More

Би сакале да му се заблагодариме на Ким Најлс, авторот на “Врати си го здивот откако животот ќе ти го одземе“ што го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: www.griefbites.com