Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Тагата боли: надеж за празницитеПримерок

Grief Bites: Hope for the Holidays

3 ДЕН ОД 5

Кога некој поминува низ загубена врска поради смрт на саканата личност, развод или фамилијарен конфликт, може да исчезне празничната надеж, радост и искра.

Едно од најтешките и разочарувачки прашања со кои што може да се соочи некој кој жали во лоши и предизвикувачки времиња е, “Како да ги прославам празниците и да се присетам и искажам чест за моите љубени кои во моментот ги прославуваат празниците во Рајот со Бог?“

Друго мачно прашање што можеби тежи на срцето на некој кој (се соочува со смрт на некој близок, со развод или фамилијарен конфликт) има проблем е, “Како да ги поминам празниците кога чувствувам толку многу тага и како да ги поминам празниците кога ужасно ми недостасува мојот возљубен?"

Празниците се измачувачко тешки за оние кои се во длабока тага поради смртта на својот сакан, поради развод, фамилијарен конфликт или отуѓување.

На ожалостените длабоко им недостасуваат нивните љубени, а празниците носат со себе многу спомени, кои во моментов, тие прекрасни изминати празнични спомени, носат само болка во срцето. Традициите кои порано ни биле драги, сега болат и боцкаат поради тоа што нашата сакана личност не е повеќе тука или нема повеќе желба да ги споделува празниците со нас.

Осознав дека за да се надминат тешките денови и болката во срцето за време на празниците, е возможно само преку Божјата милост... само преку Неговата секојдневна љубов, помош и охрабрување.
Замоли го Бог во моментов да те успокои, да го исцели твоето срце и побарај од Него да те охрабрува за време на празниците...чекор по чекор...ден по ден...момент по момент...од настан до настан. Тој е покрај тебе и доколку е потребно ќе те подигне.

Што треба еден ожалостен да прави со традициите?

Доколку чувствуваш желба да ги запазиш твоите вообичаени традиции, по секоја цена, запази ги...и не се чувствувај виновно затоа што си го дозволуваш тоа. Додека беа тука, твоите сакани уживаа да те гледаат исполнет со радост и сигурно повторно би биле среќни да те видат исполнет со радост, дури и во моменти на тага.

Доколку не се чувствуваш спремно да ги запазиш твоите традиции, покажи чест према тагата со тоа што ќе си земеш за слобода да го чувствуваш она што треба да го чувствуваш. Немој да се чувствуваш виновно за тоа што ти е потребно повеќе да се опуштиш и да поминеш мирно празнично време.

Двата начина претставуваат соодветен одговор на тагата.

Те молам немој да се чувствуваш исфорсирано да правиш или чувствуваш нешто или да си правиш притисоци кои те предизвикуваат да направиш нешто што нема да ти помогне во процесот на опоравување од тагата.

Некои ожалостени пак сакаат да ја одржат традицијата како дел од нивното присетување и покажување чест према оние кои заминале, иако можеби, моментално, тоа изгледа премногу болно.

Разговарајте со вашите сакани и споделете го тоа што ви лежи на срце со тоа што ќе ги објасните своите емоции. Побарајте ја нивната поддршка и љубов во текот на празниците.
Опкружи се со многу луѓе кои те поддржуваат!
Доколку има некоја црква во твоја близина која има некаква група за поддршка како ГрифШер или Тагата боли, топло ви препорачувам и ве охрабрувам да ја посетите.

Има време за сѐ, вклучително и за барање охрабрување и поддршка, а Бог е верен да ти помогне да ги надминеш сите периоди во твојот живот. Почитувај го Бог и твојата тага.
Дозволи Бог да те води и да управува со твојата тага и болка во срцето. Прашај го Него како е најдобро да се справиш со празниците и овој тежок период во твојот живот.

Во следните два дена, ќе ви давам идеи за, не само како да ги поминете празниците туку и како да живеете во мир и да создадете значајни моменти во текот на празниците.

Покани го Бог сега, да биде добредојден и ценет пријател во текот на празниците и во деновите кои доаѓаат.

Молитва:
"Драг и најмилостив небесен Татко, ти благодарам што не ме оставаш сам за време на празниците. Од срце ти изразувам длабока благодарност што си секогаш тука за мене, што ме љубиш и што никогаш не ме оставаш или напушташ. Татко, те молам помогни ми во секој ден додека поминувам низ тагата и болка во срцето. Помогни ми со љубов да се присетувам на моите сакани, да се ослободам од сѐ што му тежи на моето срце и јасно да ја видам Твојата добрина и Твоите благослови преку бурата која ја искусувам во мојот живот.
Те сакам Господе и го прославувам Твоето свето име. Се молам во името на Исус, амин."

Оваа посвета е © 2015 од Ким Најлс/Тагата боли. Сите права задржани. Употребено со дозвола од авторот.
Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Grief Bites: Hope for the Holidays

За многумина, празниците се време поминато во голема радост...но што се случува кога празниците ке ја загубат искрата и ќе се претворат во тешки предизвици поради некаква длабока тага или загуба? Овој специјален план за читање ќе им помогне на оние кои поминуваат низ тажен период, да најдат утеха и надеж во текот на празниците и ни открива како да создадеме значајна празнична атмосфера во моменти на тага.

More

Би сакале да му се заблагодариме на Ким Најлс, авторот на “Врати си го здивот откако животот ќе ти го одземе“ што го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: www.griefbites.com