Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Тагата боли: надеж за празницитеПримерок

Grief Bites: Hope for the Holidays

2 ДЕН ОД 5

Како наоѓаш и чувствуваш надеж во моменти на голема празнина во себе или си во некоја безнадежна ситуација во текот на празниците?

Откако поминав преку смртта на сестра ми на денот на благодарноста, откако умре мојот дечко во текот на Божиќниот одмор, откако ја загубив мојата баба за Валентин и другата баба два дена пред Божиќ, па после неколку години поминав и низ смртта на вереникот на другата сестра за Великден, не се чувствував многу исполнето со надеж. Празниците кои беа опколени со смрт, беа многу болни, а јас се борев да најдам некаква надеж и покрај сета болка што ја чувствував во срцето.

Независно дали се чувствуваш безнадежно поради смртта на некој сакан или поминуваш низ животен предизвик предизвикан од некаква загуба (како развод, фамилијарен конфликт, болест, финансиски потешкотии, губење на работа или други настани кои ти предизвикале болка во срцето), те молам запамти дека Бог вистински те љуби и се грижи за тебе.
Тој искрено знае низ што поминуваш и сака да ти го понуди Неговото исцеление.

Бог посакува да ја излее врз тебе Неговата огромна љубов и неверојатна надеж!

Но како да дојдеш до Неговата надеж за да ја искусиш во целост?

Можеш да почнеш со тоа што ќе го замолиш Бог да го исцели твоето срце...замоли го да ја вбризга Неговата надеж во тебе, чиј извор е самиот Тој...побарај да те потопи во Неговата неверојатна љубов!
Замоли го Бог, специфично да ти помогне да поминеш преку празниците и да ти послужи за доброто на твоето срце!
Читај од Неговиот збор и замоли го да ти се објави моќно, додека нежно ги утешува твојот повреден дух и срце.

Без оглед на тоа низ што поминуваш, Тој вистински се грижи за твојата повреда, затоа барај го Бог во текот на овие празници и засекогаш понатаму, со сето свое срце!

Ти ќе го најдеш Бог—и Неговата свежа надеж—кога ќе го бараш со сето свое срце! Божјата милост се обновува со секој нов ден, затоа на нас останува да ја побараме!
Тој е тука за тебе и Тој ќе ти помогне да поминеш преку празниците!

Молитва:
"Драг Исусе, ти благодарам за Твојата надеж! Јас те молам да ми го дадеш добриот дар на надежта и да ми дозволиш да го пронајдам и во целост да го искусам Твојот мир.
Те замолувам да го благословиш моето срце со твојот исцелителен допир и да ја излееш Твојата љубов врз мене. Татко, те молам, ќе го исцелиш ли моето срце и ќе ми помогнеш ли да поминам преку празнициве? Јас те молам моќно да му зборуваш на мојот дух, додека трагам по Твоето срце (и водство) во моментите кога читам од Твојот Збор. Давај ми ја Твојата милост секое утро и утешувај ја мојата душа секојдневно. Ти благодарам што си мој вистински пријател! Јас го ценам и обожувам Твоето пријателство! Те сакам, Господе!
Се молам во твоето скапоцено име, амин."

Оваа посвета © 2015 е од Ким Најлс/Тагата боли. Сите права задржани. Употребено со дозвола од авторот.
Ден 1Ден 3

Опис за овој план

Grief Bites: Hope for the Holidays

За многумина, празниците се време поминато во голема радост...но што се случува кога празниците ке ја загубат искрата и ќе се претворат во тешки предизвици поради некаква длабока тага или загуба? Овој специјален план за читање ќе им помогне на оние кои поминуваат низ тажен период, да најдат утеха и надеж во текот на празниците и ни открива како да создадеме значајна празнична атмосфера во моменти на тага.

More

Би сакале да му се заблагодариме на Ким Најлс, авторот на “Врати си го здивот откако животот ќе ти го одземе“ што го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: www.griefbites.com