Тагата боли: надеж за празницитеПримерок
Како може да си поминеш убаво за празниците, исполнето со мир, независно од тоа што ти се случува во животот?
Кога поминуваш низ некој тажен период, посебно ако е предизвикан од загуба на некој близок или некоја врска со некој љубен, процесот на креирање на “новото нормално“ е многу потребно и болно искуство...посебно за празниците. Дефинитивно одзема време.
Доколку поминале само неколку месеци или сеуште не одминала првата година после твојата загуба, најверојатно чувствуваш голема болка во срцето и не си точно сигурен за како да ги испланираш или што да правиш за време на празниците. Многумина воопште не ни имаат желба да прават нешто, а најмалку од сѐ, да планираат некој специјален празничен момент.
Понекогаш, најдоброто нешто кое можеш да го направиш додека тагуваш, е да си дадеш дозвола на себеси да се доближиш до Бог и да го поминеш времето во заедништво само со Него, да уживаш во молитвата и да ја искусиш Неговата љубов.
Некои можеби ја имаат способноста да уживаат во Божиќните празници учествувајки во сите вообичаени забавни и незаборавни традиции кои отсекогаш сакале да ги одржуваат...и ова е огромна предност и подарок!
Некој други можеби ќе се пронајдат некаде измеѓу овие две сценарија...посакувајки ги вообичаените традиции, но исто така и желба за самотија, поради причината што поминуваат низ тешко време и чувствуваат болка во срцето.
Сите одговори се точни поради тоа што тагата не е едноставно чувство да го прекинеш. Не постои “погрешен одговор“. Бог нѐ води и нѐ управува уникатно низ секој тажен момент.
Јас лично открив дека колку повеќе се фокусирам на Бог и “вистинската причина за ваквиот период,“ станував се поспособен да уживам во Божиќниот период. Исто така открив дека празниците стануваа се полесни за поминување кога намерно се впуштав во комуникација со луѓе и ги вклучував во една мешавина од старите и новите традиции.
Како создаваш специјални спомени за време на празниците во исто време додека ти недостасува некој сакан или додека надминуваш некој тежок животен предизвик?
Замоли го Бог да ти помогне да преминеш преку болката (со прифаќање, напредуваш во решавање на болката во срцето и тагата) и намерно спојување на нови значења и традиции за време на празниците, што можеби е тешко, но на крај ќе биде од голема помош...и ќе ти овозможи исцелување.
Еве неколку примери:
Кога бев малечок, памтам дека мојот татко не тераше сите од фамилијата да ги облечеме пижамите за да можеме заедно да ги гледаме како луѓето украсиле со Божиќни сијалички. Откако ми се роди дете, никогаш не ја пропуштавме оваа фамилијарна традиција и секогаш носевме пижами додека ги гледавме украсните сијалички. Ова го практикуваме скоро две децении.
Една друга традиција која ја сакам, е да и испечам на сестра ми некои од нејзините омилени Божиќни колачиња. Потоа гледам кој е незадоволен помеѓу моите пријатели и фамилија за да ги изненадам со цел плех од Божиќните колачиња. Многу сакам да бидам охрабрување во текот на празниците и да помогнам на луѓето да се ослободат од тагата која ја носат во себе.
Една млада дама која доаѓаше во мојата група на ожалостени, која доживеала смрт на нејзината мала ќерка, сподели со мене дека празниците ја измачувале првите неколку години после смртта. Оваа специјална млада дама си посвои ангел (таа се обиде да најде ангел кој имаше иста дата на раѓање како нејзината ќерка) од локалното “дрво на ангели“ и му купува на детето потребни поклони во чест на нејзината ќерка.
Во ред е и да запалиш свеќа во чест на твојот близок. Имам една добра пријателка која доаѓа во мојата група на ожалостени (таа е водач во групата на Тагата боли) која секогаш пали свеќа и ја става сликата од нејзините родители веднаш до свеќата. Тоа е супер начин да се присетиме на нашите сакани за време на празниците.
Прашај го Бог на кој начин би сакал да ги поминеш празниците. Можеби ќе биде опуштен, тивок празничен период поминат во заедништво, примарно со Него...можеби ќе има потреба од тоа да послужиш како извор на љубов и охрабрување за други луѓе...можеби ќе биде вообичаена прослава како што била отсекогаш...можеби само ќе биде време поминато (во уживање) со своите блиски...можеби ќе биде најдобро да прошеташ надвор од градот...или некоја комбинација од сите овие нешта.
Како и да одлучиш да ги поминеш празниците, јас се молам за тебе да бидеш свесен за тоа колку многу Бог се грижи за тебе. Се молам за реално да ги доживееш Неговата љубов и надеж во твојот живот. На сите им посакувам љубов, исцеление и мир!
Нека овој период ни биде исполнет со топли и специјални моменти...и најважно, со надеж!
Дали си го примил најубавиот подарок...врската со Исус Христос?
Одвој денес време да прочиташ од Лука 2:1-21 и Јован 3:16 за да го откриеш најубавиот подарок што некој може да ти го подари. Исус те чека со отворени раце за да те прими – таков каков што си – и да ти ги опрости сите гревови. Сѐ што треба да направиш е да имаш искрен разговор со Бог со тоа што ќе го поканиш Исус во твоето срце и ќе го замолиш да ти го обнови!
Доколку бараш дополнително охрабрување и надеж, би сакал да те поканам да ги прочиташ и другите планови за читање:
•Тагата боли: Пронајди го богатството низ тешкотиите •Тагата боли: Нов пристап за надраснување на тагата •Тагата боли: Двоумењето Разјаснето •Пеејки низ бурата
Исто така можеме да ти понудиме секојдневно охрабрување на нашата Фејсбук страна:
•www.griefbites.com
•www.facebook.com/GettingYourBreathBackAfterGrief
Ти си вреден и Бог се грижи длабоко за тебе и твојата тажна состојба во која се наоѓаш! И јас се грижам за твојата тага исто така и се молам Бог да го исцели твоето срце и твојот живот, со љубов!
Немој да заборавиш колку Бог те сака! Тој те љуби толку многу, што со милост ти пее и ти се радува со сето свое срце! Ти си радоста за Неговото срце! Немој никогаш да заборавиш колку многу те сака и дека сака да уживаш со Него во празничните периоди!
"Драг и скапоцен небесен Татко, те молам за темелна работа во срцето на секој поединец во денешницата и во иднина. Секогаш кога се преоптоварени со тага, те молам да ги покриеш со Твојата љубов и да им дадеш спокој. Кога деновите се тешки, те молам да ги земеш нивните болки и потешкотии и да им вбризгаш од Твојата скапоцена и вредна надеж.
Те молам поклони им значајно и специјално време за празниците во заедништво со Тебе. Доколку никогаш во животот не те прифатиле како нивен Спасител и Господ, те молам да ги водиш и насочуваш додека да стигнат до најубавиот подарок од сите—Ти! Ние те сакаме, Господе и ти благодариме пред се за сѐ што ќе направиш. Во името на Исус, амин!"
Оваа посвета е © 2015 од Ким Најлс/Тагата боли. Сите права задржани. Употребено со дозвола од авторот.

Опис за овој план
За многумина, празниците се време поминато во голема радост...но што се случува кога празниците ке ја загубат искрата и ќе се претворат во тешки предизвици поради некаква длабока тага или загуба? Овој специјален план за читање ќе им помогне на оние кои поминуваат низ тажен период, да најдат утеха и надеж во текот на празниците и ни открива како да создадеме значајна празнична атмосфера во моменти на тага.
More
Би сакале да му се заблагодариме на Ким Најлс, авторот на “Врати си го здивот откако животот ќе ти го одземе“ што го овозможи овој план. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб-страната: www.griefbites.com