Зар Јас кога ќе ја отворам утробата на мајката – таа нема да роди – вели Господ. Или Јас Кој давам да се роди, ќе ја заклучам ли утробата? – вели твојот Бог. Развеселете се со Ерусалим и радувајте се за него сите што го сакате! Радувајте се со него радосно сите што тагувавте по него, за да се храните и наситувате од градите на утехите негови, да се опивате и насладувате од изобилната слава негова. Зашто вака вели Господ: „Ете, ќе навртам кон него мир како река, и богатство на народите – како поток, кој се разлива, за ваша наслада; на раце ќе ве носат и на колена ќе ве милуваат. Како што некого го утешува мајка, така ќе ве утешам и Јас; ќе бидете утешени во Ерусалим. И ќе го видите тоа, и ќе се зарадува срцето ваше, и коските ваши ќе цутат како свежо растение, и раката на Господ ќе се јави врз слугите Негови, а на непријателите свои Тој ќе се разгневи.
Прочитај Исаија 66
Сподели
Спореди ги сите верзии: Исаија 66:9-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа