Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 66:9-14

Исаија 66:9-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Зар Јас кога ќе ја отворам утробата на мајката – таа нема да роди – вели Господ. Или Јас Кој давам да се роди, ќе ја заклучам ли утробата? – вели твојот Бог. Развеселете се со Ерусалим и радувајте се за него сите што го сакате! Ра­дувајте се со него радосно сите што тагувавте по него, за да се храните и наситувате од градите на утехите негови, да се опивате и насладувате од изобилната слава негова. Зашто вака вели Господ: „Ете, ќе навртам кон него мир како река, и богатство на народите – како поток, кој се разлива, за ваша наслада; на раце ќе ве носат и на колена ќе ве милуваат. Како што некого го утешува мајка, така ќе ве утешам и Јас; ќе бидете утешени во Ерусалим. И ќе го видите тоа, и ќе се зарадува срцето ваше, и коските ваши ќе цутат како свежо растение, и раката на Гос­под ќе се јави врз слугите Негови, а на непријателите свои Тој ќе се разгневи.

Исаија 66:9-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Зар би го отворил Јас мајчиното крило а таа да не роди? - зборува Господ. Зар Јас - Кој го давам раѓањето, би ја затворил утробата?“ вели твојот Бог. „Веселете се со Ерусалим, воскликнувајте заради него сите кои го љубите! Радувајте се, радувајте се со него, сите кои тажевте над него! Надојте се и наситете се на градите на неговата утеха, за да се напиете и насладите на градите на неговата слава.“ Зашто Господ зборува вака: „Еве, ќе го навратам мирот врз нив како река, и како збуен поток богатството на народите. Ќе ги носам на раце неговите доенчиња и ќе ги милувам на колената. Како што мајката го теши синот, така и Јас ќе ве утешам - ќе се утешите во Ерусалим.“ Кога ќе го видите тоа, срцето ќе ви се радува, и ќе ви процветаат коските како млада трева. Ќе се пројави Господовата рака на Неговите слуги и гневот над неговите непријатели.