Зар би го отворил Јас мајчиното крило а таа да не роди? - зборува Господ. Зар Јас - Кој го давам раѓањето, би ја затворил утробата?“ вели твојот Бог. „Веселете се со Ерусалим, воскликнувајте заради него сите кои го љубите! Радувајте се, радувајте се со него, сите кои тажевте над него! Надојте се и наситете се на градите на неговата утеха, за да се напиете и насладите на градите на неговата слава.“ Зашто Господ зборува вака: „Еве, ќе го навратам мирот врз нив како река, и како збуен поток богатството на народите. Ќе ги носам на раце неговите доенчиња и ќе ги милувам на колената. Како што мајката го теши синот, така и Јас ќе ве утешам - ќе се утешите во Ерусалим.“ Кога ќе го видите тоа, срцето ќе ви се радува, и ќе ви процветаат коските како млада трева. Ќе се пројави Господовата рака на Неговите слуги и гневот над неговите непријатели.
Прочитај ИСАИЈА 66
Сподели
Спореди ги сите верзии: ИСАИЈА 66:9-14
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа