Верувам дека Бог е добар без оглед на сèПримерок
Бог уште не е готов
Бог не е мртов и Тој уште не е готов! Твојот живот можеби изгледа како една незавршена слика, еден голем хаос со многу делчиња што недостасуваат.
Бог сака да знаеш дека иако не можеш да го видиш тоа, Тој сѐ уште дејствува. Тој сѐ уште прави едно креативно и брилијантно дело во твојот живот и во животите на оние кои ги љубиш. Само затоа што не можеш да го видиш крајниот производ не значи дека нема да биде ремек дело. Филипјаните 1:6 ја спомнува недовршената работа на Бог и ни вели да бидеме сигурни дека Оној што ја започна добрата работа, ќе ја заврши. Затоа биди спокоен: Бог е сѐ уште активен и напорно работи во твојот живот.
Ништо и никој не може да ја запре Божјата благонаклонетост во твојот живот! Дури и ако мислиш дека твојата слика е за никаде, Бог може да ја употреби за да ги благослови луѓето во твојот живот.
Бог има на ум многу повеќе за тебе—повеќе благонаклонетост, повеќе благослови и повеќе добри нешта!
Размисли за ова: Дали тоа што Бог има незавршена работа во твојот живот ти дава повеќе надеж?
МОЛИТВА: Ти благодарам Боже што започна едно добро дело во мене и што ми вети дека ќе го завршиш тоа дело. Твојата благонаклонетост тече во мојот живот и се молам да ми помогнеш да препознаам кога таа дејствува преку мојот живот за да им помогнам на другите. Дај ми прилика оваа седмица да охрабрам некого на неговото патување. Во името на Исус. Амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Има одредени пораки денес, како надвор така и внатре во црквата кои ја заматија вистинската порака за Божјата благонаклонетост. Реалноста е дека Бог не е должен да ни обезбеди добри работи - но Тој тоа го сака! Следните 5 дена можат да ти помогнат да погледнеш одново околу себе со очи кои ќе проникнат низ секојдневните пречки за да ја видиш неоспорната и прекумерна добрина на Бог.
More