Верувам дека Бог е добар без оглед на сèПримерок
Стани пронаоѓач на добрина
Ако ја бараме Божјата добрина секојдневно тоа ќе ни помогне да очекуваме да ни се појавуваат добри работи во нашите животи. Божјата добрина не се крие и Неговата благонаклонетост не се појавува ограничено... ние треба само да имаме очи кои гледаат да ја најдат. Ние не секогаш сме мошне свесни за Божјата благонаклонетост и токму затоа апостолот Павле се молеше неговите пријатели да бидат просветлени.
Павле ѝ напиша на црквата во Ефес и им кажа дека се моли нивните срца да бидат просветлени. Еве за што се работи: благонаклонетоста е насекаде околу нас. Кога започнувам да ги гледам добрите нешта во мојот живот, сфаќам дека тие можат да се најдат насекаде па дури и на невообичаени места. Понекогаш кога Божјата благонаклонетост е најмалку видлива, таа дејствува на најдобар можен начин за наше добро. Научи ги своите очи да го гледаат доброто и да гледаат како се открива доброто на секој чекор.
Божјата благонаклонетост може да биде привлечена кон тебе преку твоите ставови и начин на размислување, а може и да биде отстранета од тебе поради истото тоа. Благонаклонетоста може да биде непристрасна од една до друга личност, но тоа не значи дека е во склад со сечии ставови и начини на размислување. Кога ќе одбереме да бидеме пронаоѓачи на добрина, тоа ќе ја зголеми Божјата благонаклонетост во нашите животи.
Размисли за ова: Како можеш да започнеш повторно да го научиш својот ум да се фокусира на добрите нешта?
МОЛИТВА:Ти благодарам Боже што ми даде способност повторно да го научам својот ум за да гледам повеќе од добрините што се дел од мојот живот. Сакам да станам пронаоѓач на добрина за да можам да размислувам и очекувам повеќе од Твојата благонаклонетост секојдневно. Во името на Исус. Амин.
Опис за овој план
Има одредени пораки денес, како надвор така и внатре во црквата кои ја заматија вистинската порака за Божјата благонаклонетост. Реалноста е дека Бог не е должен да ни обезбеди добри работи - но Тој тоа го сака! Следните 5 дена можат да ти помогнат да погледнеш одново околу себе со очи кои ќе проникнат низ секојдневните пречки за да ја видиш неоспорната и прекумерна добрина на Бог.
More