Верувам дека Бог е добар без оглед на сèПримерок
Закотвени во добрина
Можеби некогаш го имаш слушнато следново: животот е тешок; Бог е добар. Оваа реченица е многу повеќе од една излитена фраза: таа е силна и цврста теолошка вистина. Некои неверојатно умни луѓе се бореле со такви прашања како на пример: “Ако Бог е добар, тогаш зошто се случува тоа и тоа? Зошто има неправда и зошто животот знае да биде толку тежок?” Тие мошне паметни луѓе заклучиле дека животот е тешок И Бог е добар. Едното не се поништува со другото. Тие тоа го нарекуваат “теодиција.”
Повеќето луѓе претпоставуваат дека бидејќи животот е тежок, Бог мора да не е добар, но тоа не е така. Тоа не е или-или сценарио. Пред неколку години одлучив дека дури и да не можам да го одговорам делот “Зошто?” од прашањето (“Ако Бог е добар, тогаш зошто _____?”), дека ќе го елиминирам “Ако”. Со други зборови, одбирам да верувам дека Бог е добар... без оглед на сè.
Можеш и ти да се закотвиш во Божјата добрина.
Започни да ја согледуваш Божјата добрина без оглед на околностите. Можеби ќе се затвори вратата за некоја прилика, но можеби Бог има нешто подобро за нас, а за кое треба да поминеме низ некоја друга врата за да дојдеме до тоа. Ова се има случено безброј пати во мојот живот што сега дури и го очекувам. Кога нешто нема да биде по мое, се потсетувам себеси за Божјото поведение и започнувам да согледувам која е следната прилика што ќе ми го открие Божјиот краен план низ овој процес.
Да се биде закотвен во Божјата добрина нема секогаш да биде логичен избор. Потребна е една тврдоглава и упорна одлучност да не се дозволи тешкотиите во животот да ни ја смалат Божјата величина.
Размисли за ова: На кои начини можеш да се потсетуваш да ја согледуваш Божјата добрина и покрај околностите?
МОЛИТВА: Боже, Ти благодарам што ми помагаш да се закотвам во Твојата добрина. Дај ми сила денес да престанам да се прашувам и да започнам да гледам на Твојата благонаклонетост во секоја ситуација. Во името на Исус. Амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Има одредени пораки денес, како надвор така и внатре во црквата кои ја заматија вистинската порака за Божјата благонаклонетост. Реалноста е дека Бог не е должен да ни обезбеди добри работи - но Тој тоа го сака! Следните 5 дена можат да ти помогнат да погледнеш одново околу себе со очи кои ќе проникнат низ секојдневните пречки за да ја видиш неоспорната и прекумерна добрина на Бог.
More