Верувам дека Бог е добар без оглед на сèПримерок
Нема добрина без Бог
Некои луѓе си претпоставуваат дека Бог е лут во поголемиот дел од времето и дека Неговата благонаклонетост трае само еден момент, но Библијата ни вели дека всушност е токму спротивното! Ти си секогаш зеницата на Неговото око дури и тогаш кога се чувстуваш како скапано овошје.
Бог го има надминато лошото што го имаш направено или лошото што го имаш искажано. Тој можеби беше лут или разочаран во тој момент, но го надмина тоа. Дали го надмина и ти? Не треба да се грижиш дали ќе отпаднеш од благонаклоноста поради еден неуспех.
Божјата добрина е постојана и никогаш не престанува. Неговата благонаклонетост е секогаш околу нас, врз нас и со нас; Божјата благонаклонетост е вечна!
Всушност, не постои добрина без Бог; таа не се создала сама од себе, на страна или без Него. Дефинитивно не е нешто што произлегува од човечкото битие (Дали треба да ги воспиташ твоите деца како да бидат лоши или добри?).
Бог е изворот на сета добрина и на сите добри нешта. Некои луѓе сѐ уште го одвојуваат доброто од Бог, и тоа може да ја влоши човечката потреба за благодарност, почит и обожавање на Бог.
Ова проучување има за цел да започне едно процес на обука на очите да ги гледаат инаку невидливите Божји добрини, како и Неговата благонаклонетост во твојот секојдневен живот. Во следните 5 дена ќе започнеш да го гледаш твојот живот преку леќите на Божјата благонаклонетост.
Размисли за ова: Кои се некои добри работи во твојот живот кои лесно се занемаруваат?
МОЛИТВА: Боже, Ти благодарам за Твоето присуство во мојот живот. Помогни ми да ги отворам моите очи за да видам дека Ти Си изворот на сите добри нешта и дека Ти даваш благослов во мојот секојдневен живот. Во името на Исус. Амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Има одредени пораки денес, како надвор така и внатре во црквата кои ја заматија вистинската порака за Божјата благонаклонетост. Реалноста е дека Бог не е должен да ни обезбеди добри работи - но Тој тоа го сака! Следните 5 дена можат да ти помогнат да погледнеш одново околу себе со очи кои ќе проникнат низ секојдневните пречки за да ја видиш неоспорната и прекумерна добрина на Бог.
More