Верувам дека Бог е добар без оглед на сèПримерок
Семејна благонаклонетост
Божјата благонаклонетост тече природно во нашите животи исто како што благонаклонетоста на еден татко тече во животите на неговите деца.(А Тој е најдобрата слика за татко која можеш да си ја замислиш)Бог те љуби. Тој те смета за Негово дете и тоа те прави да бидеш примател на Неговите благослови во оваа генерација.
Немој да се чувстуваш како да треба да се извинуваш некому или да ја оправдуваш Божјата добрина на оние кои можеби не ја разбираат или не се согласуваат. Секогаш ќе има луѓе кои чекаат да ја критикуваат твојата победа или кои ги игнорираат твоите навремени благослови сметајќи дека некој друг ги заслужува повеќе од тебе. Всушност, доколку некогаш си помислил дека некој не го заслужува благословот што го добил (еј, сите сме биле во таква ситуација...), веројатно си во право! Но еве еден отрезнувачки момент на вистината за сите нас: не можеме да ја мразиме незаслужената благонаклонетост во нечиј туѓ живот доколку сакаме да ја прифатиме во нашиот.
Кога ќе почнеме да сфаќаме дека благонаклонетоста е одраз на Божјата благодат, тогаш ќе разбереме дека благонаклонетоста што ја добиваме—исто како и милоста—е непропорционална на она што го заслужуваме.
Размисли за ова: Кои се некои примери од твојот живот кога си добил неочекувана или незаслужена благонаклонетост?
МОЛИТВА:Боже, Ти благодарам што си мој Татко. Без разлика каков бил мојот овоземен татко, ти си милостив Татко и имаш постојана благонаклонетост за мене во иднината. Научи ме денес да ја прифатам семејната благонаклонетост во која си ме поставил како Твое дете. Во името на Исус. Амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Има одредени пораки денес, како надвор така и внатре во црквата кои ја заматија вистинската порака за Божјата благонаклонетост. Реалноста е дека Бог не е должен да ни обезбеди добри работи - но Тој тоа го сака! Следните 5 дена можат да ти помогнат да погледнеш одново околу себе со очи кои ќе проникнат низ секојдневните пречки за да ја видиш неоспорната и прекумерна добрина на Бог.
More