Започнување на врска со ИсусПримерок
„Сега што?“
Да се биде христијанин значи „да се биде“ во Исус. Едноставно кажано, почнуваш живот во кој „пребиваш“ и „остануваш“ во Него. Што значи тоа? Тоа значи дека настојуваш да растеш во меѓусебниот однос со Него, со тоа што целосно ќе ги доведеш своето срце, душа, ум и сила во таа меѓусебна врска (Марко 12:30; Лука 10:27).
Еве пет начини на кои остануваме „во меѓусебен однос“ со Исус Христос:
Меѓусебен однос со другите христијани
Црквата е група луѓе кои влегле во меѓусебен однос со Исус и затоа Исус им простил и тие сакаат да живеат за Исус. Растот во меѓусебниот однос со Исус е потпомогнат од присуството во црквата. Тука, во црквата, заедно со другите верници, ние учиме, растеме, поставуваме прашања, служиме, го бараме и го прославуваме Бог заедно.
Божјото водство преку читање и учење на Библијата
Растејќи во меѓусебниот однос со Исус Христос, ќе почнеш да дознаваш повеќе за Библијата. Библијата е Божји Збор, и тоа е еден од најважните начини на кои Тој ни се открил и ја открил Неговата желба и дизајн за нашите животи. Колку повеќе ја знаеш Библијата, толку повеќе ќе го запознаваш самиот Бог.
Разговор со Бог преку молитва
Целта на молитвата е иста како и целта на другите свесни разговори: да се зближиме заедно во еден значаен меѓусебен однос. Ова значи дека молитвата покрива голем број теми. Молитвата подразбира споделување идеи, слушање, поставување прашања, барање помош, изразување за да се биде разберен, исповедање и искажување тага, благодарење, или едноставно само да се биде заедно со Бог.
Дејствување преку служење
Преземањето дејство преку служење, преку грижата и преземањето иницијатива кон луѓето го изразува срцето на Божјата љубов кон нив, а исто така е значаен начин на кој ќе растеш во твојот меѓусебен однос со Исус. Зошто? Затоа што тоа го направил и Исус. Исус рекол: „Зашто дури и Синот Човечки не дојде да му служат, туку да служи“ (Марко 10:45).
Во изразувањето на љубовта кон Бога преку прославување
Прославувањето е наше изразување на почит, благодарност и воодушевување кон Бог. Прославувањето може да се случи кога си сам/а или на стадион со илјадници други луѓе. Може да се случи во црковна зграда или на планинска ливада. Прославувањето е твој автентичен и искрен израз кон Бога.
Ако ти се допадна овој план и сакаш да ја добиеш целата книга според која е направен, кликни овде
Опис за овој план
Дали си уште на почетокот во твојата вера во Исус Христос? Дали сакаш да знаеш повеќе во врска со христијанството, но не знаеш што-или како-да прашаш? Тогаш започни тука. Преземено од книгата „Започни овде“ од Дејвид Двајт (David Dwight) и Никол Јунис (Nicole Unice).
More