Започнување на врска со ИсусПримерок
„Прашања“
Луѓето кои се надарени во уметноста на создавањето и одржувањето на врски се честопати луѓе кои ги поставуваат некои од најдобрите прашања. Но Бог е експерт во оваа област.
Погледнете ги некои од Божјите најсуштински прашања:
Каде си? (Битие 3:8-9)
Уште на почетокот на Библијата, Бог го покажа овој аспект на Неговиот карактер преку Неговиот меѓусебен однос со Адам и Ева - доверлив, отворен, секојдневен однос.
Во Битие 3, читаме за Адам и Ева кои избираат да се одвратат од Бог и да живеат одделно од Него. Кога нивниот однос бил нарушен, Бог ги барал Адам и Ева. Тој не дојде да ги казни или да ги посрами, туку да го обнови односот.
Кога ќе почувствуваш дека Бог се вклучува во твојот живот, и ти, исто така, си личност која Тој ја бара, за да можеш да го познаваш и да живееш во меѓусебен однос со Него.
Што сакаш? (Јован 1:35-39)
Во Јован 1, го гледаме Исус како на некои љубопитни луѓе им поставува прашање слично на Божјото. Тој ги прашал: „Што сакаш?“ (Јован 1:38).
Овие луѓе го избегнале прашањето и менувајќи ја темата го прашале Исус: „Каде престојуваш?“ Наместо да им даде вистинска адреса, Тој им одговори: „Дојди ... и види“ (Јован 1:39). Наместо да даде одговор, Тој дава покана.
Честопати, многумина од нас му велат на Бог: „Сакам нешто од тебе“, а Бог ни вели: „Сакам да бидам со тебе.“
Што велите вие, Кој Сум Јас? (Матеј 16:13-15)
Тука започнува христијанството. Твојот одговор на ова прашање е почетокот, затоа што со тоа објаснуваш што мислиш за Исус. За среќа, она што Исус го кажува за Себе е запишано во Библијата, вклучувајќи ги стиховите: Јован 10:36, Јован 11:25, Јован 10:11 и Јован 8:58.
Ова се само некои од изјавите на Исус - како Тој би одговорил на прашањето за Неговиот идентитет. Но Исус не застанува тука; Тој го прави прашањето уште полично.
Веруваш ли во ова? (Јован 11:25-26)
Исус секогаш ги прави нештата лични. Тој им рече на Своите ученици: „Но, што е со вас, што велите вие Кој Сум Јас?“ А на Марта во Јован 11:25-26 ѝ рече, „Дали ти веруваш во тоа?“
Исус и нам ни ги поставува овие прашања, и самото одговарање на овие прашања е дел од тоа што значи да се биде во меѓусебен однос со Бог, да се најде Бог и да се најде вистината. А пронаоѓањето на вистината започнува со Исус Христос.
Опис за овој план
Дали си уште на почетокот во твојата вера во Исус Христос? Дали сакаш да знаеш повеќе во врска со христијанството, но не знаеш што-или како-да прашаш? Тогаш започни тука. Преземено од книгата „Започни овде“ од Дејвид Двајт (David Dwight) и Никол Јунис (Nicole Unice).
More