Започнување на врска со ИсусПримерок
„Вистинскиот капетан“
Еден од начините да се опише Исус е како спасител на спасувачката мисија. Кога Исус рече: „Јас сум патот, вистината и животот“, Тој не кажа, „Јас сум пат и вистина и живот.“
Нашето прашање кон Него е слично на нашите прашања поставени на капетан на авион или брод на кој би се наоѓале, зашто сакаме да знаеме: „Дали си Ти навистина капетанот (Синот Божји)?“
Како што напредува животот, многумина од нас постепено стануваат незаинтересирани за ова прашање. Повеќето од нас се чувствуваат удобно во авионот обидувајќи се да најдат седиште со доволно простор за нозете. И повеќето од нас не се соочуваат со нашата смртност со ист интензитет со кој би се соочиле на брод кој тоне. Но, имањето доверба во капетанот е главното прашање во двете аналогии.
На бродот, твоето верување (или неверување) во капетанот ќе направи огромна разлика. Исто е и со Исус. Ако станува збор за мисија за спасување, малку е веројатно да кажеме: „Можам да одам каде сакам“. Да, можеш, ако сакаш, но ако Тој навистина е капетан, Оној кој ги знае сите нијанси на човековото постоење, тогаш Тој навистина го знае патот.
Или, можеби, како што започнуваш да го истражуваш она што Библијата го вели за Исус, почнуваш да го поставуваш прашањето: „Дали верувам дека Тој го знае патот?“
Читајќи го овој план, можеби ќе дојдеш, а можеби нема да дојдеш до точката каде ќе одговориш со „да“ на ова прашање. Или можеби ќе речеш: „Да, верувам. Но, сѐ уште имам прашања.“ Ако тоа е твојот став, ние сме со тебе и ние сме за тебе. Продолжи со поставувањето прашања. Ние растеме преку добрите прашања. Сомнежите и несигурностите не се невообичаени.
Но, да речеме дека се согласуваш дека Исус можеби го знае патот. Ако тоа е вистина, првото прашање што можеби го поставуваш е: „Што треба да направам за да одам по тој пат?“
И тука Исус нѐ изнедува. Тој не вели: „Следете го овој пат“. Тој вели: „Следете ме“. Капетанот на бродот не нѐ упати кон мапа; Тој нè повика кон себе. Исус, исто така, покажува кон Себе, и Тој нè повикува да му веруваме.
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали си уште на почетокот во твојата вера во Исус Христос? Дали сакаш да знаеш повеќе во врска со христијанството, но не знаеш што-или како-да прашаш? Тогаш започни тука. Преземено од книгата „Започни овде“ од Дејвид Двајт (David Dwight) и Никол Јунис (Nicole Unice).
More