Започнување на врска со ИсусПримерок
„Нов идентитет“
Правото да постанеме Божји деца е овозможено од Исус, а неверојатната вест е дека поради Исуса, Бог го вели за нас истото што го рекол за Исус. Подготвен/а си? Еве што вели: „Ти си Мој Син, кого го сакам; со кого јас сум задоволен“ (Марко 1:11).
Поради Исус, Бог за тебе го кажува истото што го кажал за Исус. Во оваа изјава, Бог нѐ снабдува со неверојатна потврда за идентитетните празнини што сите ние ги чувствуваме - измачувачката и длабока желба за припадност, љубов и одобрување. Забележи ги трите различни елементи во ова ветување:
1. Ти си Мој син ...
Кога Бог вели: „Ти си Мој Син“, Тој се идентификува Себеси со нас. Тој вели дека сака да биде поврзан со нас, дека сме заедно со Него.
Точка број еден од овој нов идентитет е дека ние сме луѓе со кои Бог со задоволство се поврзува. Тој вели: „Да, таа е мојата ќерка; тој е Мојот син.“ Откога ќе станеме негови деца, Тој никогаш не се оградува од нас. Навистина е невообичаено тоа што е толку добар кон нас, и покрај нашето понекогаш лошо однесување!
2. Кого го сакам ...
Понекогаш во семејните меѓусебни односи, не секогаш си се допаѓаме едни на други, а камоли да се сакаме едни со други. Ако имаш некој член на семејството кој не ти се допаѓа, можеби си велиш, Да, морам да признаам дека тој е мој брат, но не ми се допаѓа.
Но Бог не е таков. Бог не само што рече: „Да, тоа е мојот син“, но Тој, исто така, тврди: „Јас го љубам овој син. Тој ја има Мојата наклонетост. Моето срце е со него и тоа е за него.“
3. Со тебе јас сум задоволен.
Бог го надминува ова ветување додавајќи: „Јас сум навистина задоволен со тебе“. Бог кој ги поставил ѕвездите таму каде што се, вели дека е горд на тебе. Не на некоја друга личност - туку на тебе.
Додека растеме во разбирањето на длабочината на Божјото срце за нас, овие изјави почнуваат полека да ги полнат празните идентитетни места во нашите души. Сите тие работи што ги правевме за да добиеме одобрување од другите, обидите да бидеме важни, да се чувствуваме важни, да ни се восхитуваат, другите да имаат високо мислење за нас - сега за нив имаме одговор. А одговорот не доаѓа од луѓе, ниту од материјалните работи што не ги исполнуваат нашите срца, не од титули или позиции ... туку од Бог.
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали си уште на почетокот во твојата вера во Исус Христос? Дали сакаш да знаеш повеќе во врска со христијанството, но не знаеш што-или како-да прашаш? Тогаш започни тука. Преземено од книгата „Започни овде“ од Дејвид Двајт (David Dwight) и Никол Јунис (Nicole Unice).
More