Започнување на врска со ИсусПримерок
„Понудата“
Еден од извонредните аспекти на христијанската вера е дека овој меѓусебен однос со Исус е понуда. Никогаш не е принуден.
Откако еден млад човек дојде кај Исус, тој го праша што е потребно да „направи“ за да го наследи вечниот живот (Марко 10:17-22). Како што честопати правел Исус, тој го водел разговорот во насока која ќе му помогне на младичот да се спознае себеси.
Значи, Исус не му поставил прашање на овој млад човек. Тој започнал да ги набројува еврејските заповеди, и младиот човек одговарал со: „Да, да, ги запазив сите заповеди!“ Но, она што се случува следно е најинтересно. Марко 10:21 вели: „Исус го погледна со љубов“.
Исус го погледна. Исус не проповедал. Не ги вперил прстите. Наместо тоа, тој директно погледна на овој млад човек и го насочи целото внимание на Неговото срце и ум врз оваа личност, повикувајќи го да се вклучи во меѓусебен однос со Него.
Исус го љубеше. При самиот поглед на Исус се појавила љубовта. Причината за љубовта кон него не беше строгото држење на правилата или неверојатните дела на младиот човек. Исус го погледна и го љубеше младичот независно од што тој сторил.
Јасно е дека на овој млад човек навистина му се допадна идејата на Исус и дека сака да направи добар избор. Но, кога Исус ја дал понудата за меѓусебен однос, Тој го сторил тоа во контекст на целосна предаденост: „Оди, продади го својот имот, дај им ги парите на сиромашните, и ќе имаш богатство на небото. Потоа дојди, следи ме“ (Матеј 19:21).
Кога Исус го погледна и го љубеше овој човек, Тој точно знаеше што треба да побара од него за навистина да го открие неговото срце. Со поставувањето на прашањето за богатството, Исус допре директно до суштината на проблемот кај овој поединец.
Исус го погледна, го љубеше и пред него постави избор за меѓусебен однос. Сепак, младиот човек си замина. Ова е Божјото изненадување. Бог ја има целата моќ врз секој од нас, но за изненадување е тоа што Тој ни дава слобода да му кажеме да или не.
Понекогаш луѓето велат: „Ако Бог сака сите ние да имаме меѓусебен однос со Него, зошто едноставно не нѐ програмирал за тоа нешто?“ Но, љубовта не може да се програмира. Ако бевме принудени да му одговореме на Исус со „да“, принудени да станеме христијани, тоа би се спротивставило на суштината на Божјиот карактер и на централната тема на христијанството - дека понудата на Исус е основана на љубов, најчиста форма на љубов.
Свето Писмо
Опис за овој план
Дали си уште на почетокот во твојата вера во Исус Христос? Дали сакаш да знаеш повеќе во врска со христијанството, но не знаеш што-или како-да прашаш? Тогаш започни тука. Преземено од книгата „Започни овде“ од Дејвид Двајт (David Dwight) и Никол Јунис (Nicole Unice).
More