Зошто Велигден?Примерок
Што треба да направиме?
Новиот Завет е јасен дека треба да направиме нешто за да го прифатиме дарот кој Бог го нуди. Тоа е чин на вера. Јован пишува дека „Бог толку многу го засака светот, што го даде Својот Единороден Син, за секој што ќе поверува во Него, да биде спасен и да добие вечен живот“ (Јован 3:16).
Верувањето вклучува чин на вера, заснована врз сè што знаеме за Исус. Тоа не е слепо верување. Тоа подразбира ставање на нашата доверба врз Личност. На некој начин е како чекор во вера кога младоженецот и невестата го кажуваат нивното „ДА“ на денот на свадбата.
Начинот на кој луѓето го преземаат овој чекор на вера варира огромно, но сакам да опишам еден начин на кој можете да го преземете овој чекор на вера во моментов. Тоа може да се сумира во три едноставни зборови:
‘Прости’
Мораш да бараш од Бог да ти прости за сите лоши работи што си ги направил и од сè што е лошо во твојот живот. Тоа е она што Библијата го нарекува „покајание“.
‘Благодарам’
Ние веруваме дека Исус умрел на крстот за нас. Треба да му заблагодариме за тоа што умрел за нас и што ни дава бесплатен дар на простување, слобода и Светиот Дух.
‘Те молам
Бог никогаш нема да нè присили на неговиот начин на живот. Треба да го прифатиш неговиот дар и да го поканиш да дојде да се всели во тебе со Неговиот Дух.
Ако сакаш да имаш врска со Бог и ако си спремен да ги кажеш овие три работи, тогаш еве една едноставна молитва со која можеш да се молиш на почетокот на таа врска:
Господе Исусе Христе,
Прости ми за сите лоши работи во мојот живот (можеш да бидеш поконкретен за нешто што ти пречи во совеста). Те молам прости ми. Во овој момент се тргам од сè што е лошо во мојот живот.
Ти благодарам што умре на крстот за да ми биде простено и да бидам ослободен.
Ти благодарам за понудената прошка и дарот на Духот. Го примам тој дар.Те молам дојди во мојот живот преку Светиот Дух за да бидеш вечно со мене.
ТИ благодарам Господе Исусе Христе. Амин.
Свето Писмо
Опис за овој план
Што е толку важен Велигден? Зошто постои толку голем интерес за личност која се родила пред 2000 години? Зошто луѓето толку многу се возбудуваат околу Исус? Зошто ни е Тој потребен? Зошто дошол? Зошто умрел? Зошто некој треба да се замара да го открие тоа? Во овој 5-дневен план, Ники Гамбел ги споделува неговите привлечни одговори на овие прашања.
More