Зошто Велигден?Примерок
Зошто ни е потребен Исус?
Јас и ти сме создадени да живееме во заедништво со Бог. Се' додека не го најдеме тоа заедништво, секогаш ќе постои некаква празнина во нашите животи. Како резултат на тоа, честопати сме свесни за празнината. Еден рок пејач тоа го опишал вака: „ Имам празнина длабоко со себеси“
Една жена, во нејзиното писмо до мене, пишуваше за „длабока, длабока, празнина“. Друга млада девојка тоа го нарече „парче што недостасува во нејзината душа“.
Луѓето пробуваат да ја исполнат таа празнина на различни начини. Некои пробуваат да ја затворат празнината со пари, но, тоа не ги задоволува. Аристотел Оназис, кој бил еден од најбогатите луѓе на светот, на крајот од својот живот рекол: „Милионите, не секогаш го задоволуваат она што му треба на човекот во животот. “
Други, пак пробуваат дроги, алкохол или сексуална промискуитетност. Една девојка еднаш ми рече: „Овие работи обезбедуваат моментално задоволство, но тие ве оставаат да се чувствувате шупливо после тоа.“ Сепак, некои пробуваат напорна работа, музика, спорт или трагаат по успех. Можеби нема ништо лошо во тоа, но тие не ја задоволуваат таа глад што постои длабоко во секое човечко суштество.
Дури и најблиските човечки врски, колку и да се прекрасни, не ја задоволуваат оваа „празнина длабоко во себе“. Ништо нема да го исполни овој јаз освен односот со Бога за кој бевме создадени.
според Новиот Завет, причината за овој јаз е тоа што мажот и жената се оттргнаа од Бог.
Исус рече: „Јас сум лебот на животот“ (Јован 6:35). Тој е единствениот што може да го задоволи нашиот најголем глад, затоа што тој е оној што овозможува да се врати нашиот однос со Бог.
a) Тој го задоволува нашиот глад заради значењето и целта во животот
Само во односот со нашиот Творец, го наоѓаме вистинското значење и целта на нашите животи.
б) Тој ја задоволува нашата глад за живот над смртта
Повеќето луѓе не сакаат да умрат. Ние копнееме да живееме и после смртта. Само во Исус Христос наоѓаме вечен живот.
в) Тој ја задоволува нашата глад за прошка
Ако сме искрени, ќе мора да признаеме дека сите правиме работи за кои знаеме дека не се во ред. Со својата смрт на крстот, Исус ни овозможи прошка и враќање на нашиот однос со Бог.Свето Писмо
Опис за овој план
Што е толку важен Велигден? Зошто постои толку голем интерес за личност која се родила пред 2000 години? Зошто луѓето толку многу се возбудуваат околу Исус? Зошто ни е Тој потребен? Зошто дошол? Зошто умрел? Зошто некој треба да се замара да го открие тоа? Во овој 5-дневен план, Ники Гамбел ги споделува неговите привлечни одговори на овие прашања.
More