Зошто Велигден?Примерок
Слобода за што?
Исус не е повеќе физички тука на земјата, но, Тој не нè остави сами. Тој го испрати Својот Свет Дух за биде со нас. Кога Неговиот Дух живее во нас, Тој ни дава нова слобода.
Слобода да се познава Бог
Работите што ги правиме предизвикуваат да има бариера помеѓу нас и Бог:„Вашите беззаконија ве одвоија од вашиот Бог“ (Исаија 59: 2). Кога Исус умре на крстот, ја отстрани бариерата која постоеше помеѓу нас и Бог. Како резултат на тоа, тој овозможи да изградиме однос со нашиот Креатор. Ние станавме Негови синови и ќерки. Духот нè уверува во оваа врска, и ни помага да го запознаеме Бог уште подобро. Тој ни помага да се молиме и да го разбираме Божјиот збор (Библијата).
Слобода да љубиш
Ние љубиме, бидејќи Тој прв нè засака (1Јованова 4:19) Кога гледаме во крстот, ние ја разбираме Божјата љубов за нас. Кога Духот Божји доаѓа да живее во нас, ние ја искусуваме таа љубов. На тој начин, добиваме нова љубов за Бог и неговите луѓе. Ослободени сме да живееме живот во љубов - живот фокусиран на љубење и служење на Исус и љубење и служење на луѓето, наместо живот фокусиран на себеси.
Слобода за промена
Луѓето понекогаш велат: „Ти си тој што си. Не можеш да се промениш. “ Добрата вест е дека со помош на Духот, ние можеме да се промениме. Светиот Дух ни дава слобода да живееме живот по кој отсекогаш сме копнееле длабоко во себе. Светиот Апостол Павле ни вели дека плодот на Духот е „љубов, мир, трпение, добрина, љубезност, верност, учтивост и самоконтрола “ (Галатјани 5:22-23). Кога го прашуваме Духот Божји да дојде и да се всели во нас, овие прекрасни каратеристики започнуваат да растат во нашите животи.
Свето Писмо
Опис за овој план
Што е толку важен Велигден? Зошто постои толку голем интерес за личност која се родила пред 2000 години? Зошто луѓето толку многу се возбудуваат околу Исус? Зошто ни е Тој потребен? Зошто дошол? Зошто умрел? Зошто некој треба да се замара да го открие тоа? Во овој 5-дневен план, Ники Гамбел ги споделува неговите привлечни одговори на овие прашања.
More