Зошто Велигден?Примерок
Зошто Тој дојде и зошто умре?
Исус е единствениот човек кој некогаш бил одбран да се роди и единствениот од неколкуте кои избрале да умрат. Тој рекол дека едиснтвената причина за неговото доаѓање била да умре за нас. Тој дојде „да го даде својот живот како откуп за многумина“ (Марк 10:45).
Исус рекол дека умрел за нас. Зборот „ЗА“ значи „наместо нас“. Тој го направи тоа бидејќи не' љуби и заради тоа што не сакаше ние да ја отплаќаме казната за сите лоши дела што сме ги направиле. На крстот, тој велеше „Јас ќе ги земам нивните гревови“. Тој го направи тоа за тебе и за мене. Ако ние бевме единствените личности на овој свет, тој повторно ќе го направеше тоа за нас. Св.Апостол Павле напишал „Синот Божји, Кој ме сакаше и се даде за мене“ (Галатјаните 2:20). Поради Неговата љубов, Тој го даде својот живот како откуп за сите нас.
Зборот „откуп“, доаѓа од пазарот на робови. Добар човек, можел да купи роб и потоа да го ослободи - но, прво морал да плати откуп за него., Исус платил со неговата крв на крстот, тоа бил откупот за ние да бидеме слободни.
Свето Писмо
Опис за овој план
Што е толку важен Велигден? Зошто постои толку голем интерес за личност која се родила пред 2000 години? Зошто луѓето толку многу се возбудуваат околу Исус? Зошто ни е Тој потребен? Зошто дошол? Зошто умрел? Зошто некој треба да се замара да го открие тоа? Во овој 5-дневен план, Ники Гамбел ги споделува неговите привлечни одговори на овие прашања.
More