Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Зошто Велигден?Примерок

Why Easter?

3 ДЕН ОД 5

Слобода од што?

Исус платил со неговата крв на крстот, откупот кој го платил да бидеме слободни.

Слобода од вина

Дали ние се чувствуваме виновни или не, сите сме виновни пред Бог, поради сите пати кога сме ги прекршиле Неговите закони преку мисли, зборови или дела. Исто како кога некој ќе направи криминално дело мора да биде казнет, постои и казна за кршењето на Божјиот закон. „Платата за гревот е смрт“ (Римјани 6:23).

Резултатот на лошите работи што ги правиме е духовна смрт - да се биде отсечен од Божјата вечност. Ние сите ја заслужуваме таа казна. На крстот, Исус ја презеде казната наместо нас, за ние да бидеме тотално ослободени од вината и да ни биде простено.

Слобода од зависност

Исус рече дека „секој кој греши е роб на гревот“ (Јован 8:34). Исус умре за да не ослободи од тоа ропство. На крстот, моќта на таа зависност беше скршена. Иако одвреме навреме, паѓаме, моќта на таа зависност е скршена бидејќи Исус не' ослободи.

Слобода од страв

Исус дојде за „со неговата смрт да го уништи оној што ја држи моќта на смртта - ѓаволот - и да ги ослободи оние кои целиот живот беа во ропство од стравот од смртта“ (Евреите 2:14-15). Нема потреба повеќе да се плашиме од смртта.

Смртта не значи крај за оние кои се ослободени ос Исус. Напротив, таа е портал до рајот, кадешто засекогаш ќе бидеме слободни од присуството на гревот. Кога Исус не ослободил од стравот од смрт, тоја истотака не ослободил и до сите други стравови.

Ден 2Ден 4

Опис за овој план

Why Easter?

Што е толку важен Велигден? Зошто постои толку голем интерес за личност која се родила пред 2000 години? Зошто луѓето толку многу се возбудуваат околу Исус? Зошто ни е Тој потребен? Зошто дошол? Зошто умрел? Зошто некој треба да се замара да го открие тоа? Во овој 5-дневен план, Ники Гамбел ги споделува неговите привлечни одговори на овие прашања.

More

Би сакале да им се заблагодариме на Алфа и Ники Гамбел за реализацијата на овој план. За повеќе информации, посетете ја страната https://alpha.org/