Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Радикална мудрост: Седумдневно патување за татковциПримерок

Radical Wisdom: A 7-Day Journey For Fathers

7 ДЕН ОД 7

Какво ќе биде твоето наследство за следната генерација?

„Што татко следи жестоко, неговите деца ќе го следат умерено. Што татко следи со умереност, неговите деца ќе го игнорираат . . . и ти нема да знаеш што си постигнал сè додека не видиш што прават твоите внуци!“

Ова прв пат го слушнав од говорник и тогаш се наежив. Тоа не може да биде вистина, не секогаш. Тогаш тој почна да користи безброј примери од Светото Писмо.

Авраам. Просветлен. Послушен. Го измисли зборот вера. Неговиот син Исак? Дефинитивно побожен човек, но тука е и моментот кога одеше спротивно на Божјите упатства и се упати кон Египет. Тогаш се случи да ја претстави својата сопруга како сестра, и тоа е грев што го виде кај неговиот татко пред повеќе години.

Дали теоријата на говорникот држи вода кога ќе погледнеш на децата на нивните деца?

Децата на Исаак, Јаков и Исав, беа побожни. Но, што е со измамата што ја користел Јаков за да се стекне со право на првородство? Или со импулсивноста со која Исав го замени тоа право за чинија со чорба?

Поентата е дека ние татковците мора да го следиме Бога со жестокост, а не просечност. Нашите деца потсвесно одлучуваат колку е важна нивната вера за нив со набљудување колку е важна нашата вера за нас.

Не ризикувај. Оди до крај. Одлучи да бидеш јавен, просветлен, молезлив, љубезен, дарежлив, благодатен следбеник на Исус.

Можеш да знаеш, барем од денес натаму, дека си бил жесток во твојата потрага по Бог. Не давај повод за никој повеќе да те нарекува просечен.

Можеби тогаш и твоите внуци ќе имаат шанса!

Прашање: Дали твоите деца би те опишале како жесток во твојата љубов кон Исус?

Дали овој план те предизвика како татко?

Дознај повеќе за целосното четиво на Радикална мудрост.

Ден 6

Опис за овој план

Radical Wisdom: A 7-Day Journey For Fathers

Неверојатно е колку многу нè обликуваат нашите татковци. Никој не ја избегнува моќта и влијанието на својот земен татко. Бидејќи повеќето мажи не се чувствуваат подготвени да бидат татковци, важно е да се побара водство, од Светото Писмо и од другите татковци. „Радикална мудрост“ е патување за татковците, кон мудрост и проникливост, комбинирајќи ги принципите и мудроста од Светото Писмо со искуството на еден постар, помудар татко кој научил од своите грешки.

More

Благодарни сме на Radical Mentoring за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://radicalwisdombook.com