Радикална мудрост: Седумдневно патување за татковциПримерок
Овци без пастир
Децата се како овци. Еден ден ќе станат независни, но сега ги води нивната младост и енергија, а ги загрозува недостатокот на искуство.
Како и на овците, така и ним им треба пастир . . . некој да ги пази. Потребен им е татко. Прав татко. За жал, познавам многу деца кои растат без пастир.
Се надевам дека ти си еден од татковците кои сериозно ја сфаќаат својата улога како пастир. Што прави еден пастир?
- Се грижи - Исто како што пастирите знаат каде се нивните овци, татковците знаат каде се нивните деца . . . физички, друштвено и духовно.
- Собира - Пастирот го држи стадото заедно. И татковците имаат иста одговорност, а за почеток тоа значи да останеш со својата сопруга. Не можеш да ги чуваш малите овци заедно ако ги одделиш двете големи овци.
- Храни - Пастирите се главни снабдувачи на своите овци. Татковците мора да бидат тоа за своите деца. Таткото никогаш не смее да биде истоштен . . . особено не оние што се христијани. Покрај тоа што обезбедуваат сè што им е потребно за физички живот, татковците мора да пружат неограничена, безусловна љубов на своите деца, како и да им пружат духовна храна.
- Заштитува - Пастирите прават сé што е потребно за да избркаат некој или нешто што ќе им наштети на своите овци или ќе ги измами. Татковците ги штитат своите деца од надворешни закани и избегнуваат да ги повредуваат преку гнев, невнимание или запоставување.
Повеќето татковци би оставиле деведесет и девет овци во стадото да би ја пронашле својата изгубена овца. Дали и ти ќе ги негуваш, собираш, храниш и чуваш?
Прашање: Дали посветуваш доволно внимание за да приметиш кога една од твоите овци се оддалечува од патот?
Опис за овој план
Неверојатно е колку многу нè обликуваат нашите татковци. Никој не ја избегнува моќта и влијанието на својот земен татко. Бидејќи повеќето мажи не се чувствуваат подготвени да бидат татковци, важно е да се побара водство, од Светото Писмо и од другите татковци. „Радикална мудрост“ е патување за татковците, кон мудрост и проникливост, комбинирајќи ги принципите и мудроста од Светото Писмо со искуството на еден постар, помудар татко кој научил од своите грешки.
More