Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Радикална мудрост: Седумдневно патување за татковциПримерок

Radical Wisdom: A 7-Day Journey For Fathers

5 ДЕН ОД 7

Изобилство наспроти недостаток

Не е лесно да се биде родител. Тоа е една од најтешките работи. Нема упатство, нема воспоставена формула и Бог нѐ изненадува со тоа што секое дете е различно. Со текот на времето, се држиш до секој принцип што изгледа дека има смисла; го пробуваш и ако работи, го усвојуваш.

Затоа, ти го предлагам следново: Да ​​изградиш околина со изобилство за твоите деца.

На децата им треба и сакаат љубов. Како што е случајот со сите други работи во светот, кога нешто го нема многу, тогаш станува повредно и значајно. Ако е во изобилство, тогаш не е голема работа.

Спореди, на пример, нафта и сол. Бидејќи секоја држава има потреба од нафта, постои жестока конкуренција во побарувачката. Цените се високи и веројатно ќе се зголемат. За нафта се бориме, манипулираме, поткупуваме, ја продаваме нашата душа.

Од друга страна, солта е неопходна за животот на човекот, но е во изобилство. Кутија сол чини неколку денари. Изобилна е.

Кога татковците не успеваат да се дружат со своите деца, кога постојано се зафатени, нивните деца никогаш не сметаат дека се важни, кога татковото присуството е минимално и тој никогаш навистина нема време да се дружи со нив, се јавува оскудна околина.

Но, кога татковците обезбедуваат бесконечно снабдување со љубов, кога има постојано изобилство на татковото присуство, ќе има помалку конкуренција, помалку манипулации и повеќе мир во домот. Таткото мора да биде таму физички и емоционално.

Животната средина на изобилство не настанува сама од себе и не е лесно да се има.

Но, вреди.

Прашање: Дали твојот дом е околина со изобилство или со недостиг? Децата напредуваат во средина со изобилство на љубов. Тие се заглавени доколку се во околина на недостиг.

Ден 4Ден 6

Опис за овој план

Radical Wisdom: A 7-Day Journey For Fathers

Неверојатно е колку многу нè обликуваат нашите татковци. Никој не ја избегнува моќта и влијанието на својот земен татко. Бидејќи повеќето мажи не се чувствуваат подготвени да бидат татковци, важно е да се побара водство, од Светото Писмо и од другите татковци. „Радикална мудрост“ е патување за татковците, кон мудрост и проникливост, комбинирајќи ги принципите и мудроста од Светото Писмо со искуството на еден постар, помудар татко кој научил од своите грешки.

More

Благодарни сме на Radical Mentoring за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://radicalwisdombook.com