Радикална мудрост: Седумдневно патување за татковциПримерок
Татковци кои го следат Исус
Татковците кои го следат Исус, за почеток им помагаат на своите деца да сфатат кои се во Христос. Дали твоето дете знае дека е наследник на кралот на кралевите — на кому му е целосно опростено, кој е потполно соодветен и совршено вреден?
Кога децата сфаќаат кои се во Христа, тие откриваат значаен идентитет. Овој идентитет им овозможува полесно да знаат што да прават во моментите кога се чини дека нема јасна граница помеѓу добро и лошо, или кога родителите ги принудуваат на одредена одлука.
Нивниот процес на размислување се заснова на: „Што би сакал Исус да направам?“, затоа што нивниот идентитет во Христос е темел на она што се.
Моите пријатели Крег и Кери имаат три убави ќерки. Кога требаше да донесат одлука во врска со кратки здолништа и кратки блузи, Кери ќе прашаше: „Мислиш ли дека е соодветно?“ Многу деца на ова прашање би се спротивставиле верувајќи дека нивната мајка им ја наметнува својата волја.
Но, овие девојки развија свој идентитет . . . свој стандард за тоа што е соодветно, а што не. Тие ги избегнаа повеќето аргументи за тоа што е соодветно да се носи, а што не, затоа што тие самите размислувале за тоа. „Свесна сум за тоа која сум. Луѓето како мене не носат вакви облеки. Луѓето како мене не ги прават тие работи“.
Прашање: Дали ќе поработиш со твоите деца да се фокусираат на идентитетот, помагајќи им да знаат кои се во Христа?
Опис за овој план
Неверојатно е колку многу нè обликуваат нашите татковци. Никој не ја избегнува моќта и влијанието на својот земен татко. Бидејќи повеќето мажи не се чувствуваат подготвени да бидат татковци, важно е да се побара водство, од Светото Писмо и од другите татковци. „Радикална мудрост“ е патување за татковците, кон мудрост и проникливост, комбинирајќи ги принципите и мудроста од Светото Писмо со искуството на еден постар, помудар татко кој научил од своите грешки.
More