Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Радикална мудрост: Седумдневно патување за татковциПримерок

Radical Wisdom: A 7-Day Journey For Fathers

4 ДЕН ОД 7

Заедничка вечера

На една рака можам да ги набројам работите на кои инсистираше мојата сопруга. Заедничка вечера беше една од нив.

„Кога ќе се вратиш дома?“ ќе прашаше. „Малку сум зафатен . . . ќе потрае некое време“, би рекол. Не прифаќајќи го образложението, таа ќе одговореше „Ослободи се и појди кон дома. Во ова семејство вечераме заедно. Ќе биде спремнo и ќе бидеме на масата во 6:30!“

Претерувам малку, но не многу. Мојата сопруга постојано инсистираше на тоа да вечераме заедно како семејство секоја вечер. Отпрвин, не разбрав зошто е толку важно.

Но, со текот на времето, особено кога моите деца станаа адолесценти, разбрав која е важноста. Тоа беше единственото време во денот кога се гледавме едни со други. Разговаравме за различни работи. Можевме да ги слушнеме нивните срца и тие можеа да ги слушнат нашите. Можеа да видат како нивните родители зборуваат, работат заедно и меѓусебно се сакаат. Брат и сестра седеа таму за да добијат една мала доза семејство.

Ако не дома, каде ќе научат твоите деца за посветена љубов, семејна динамика, лојалност, емпатија, решавање проблеми низ меѓусебни односи и прошка? Кој ќе ги подготви за брак и семеен живот? Мислам дека не постои „училиште за сопрузи“ и „училиште за сопруги“ каде нашите деца можат да учат за овие работи.

Прашање: Дали твоето семејство редовно се собира дома? Запрашај се: „За дваесет години, дали ќе биде поважно тоа што го добиле од надворешните активности или од основните семејни вредности?“

Ден 3Ден 5

Опис за овој план

Radical Wisdom: A 7-Day Journey For Fathers

Неверојатно е колку многу нè обликуваат нашите татковци. Никој не ја избегнува моќта и влијанието на својот земен татко. Бидејќи повеќето мажи не се чувствуваат подготвени да бидат татковци, важно е да се побара водство, од Светото Писмо и од другите татковци. „Радикална мудрост“ е патување за татковците, кон мудрост и проникливост, комбинирајќи ги принципите и мудроста од Светото Писмо со искуството на еден постар, помудар татко кој научил од своите грешки.

More

Благодарни сме на Radical Mentoring за овој план. За повеќе информации, посети ја: http://radicalwisdombook.com