Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Наоѓање слобода од стресПримерок

Finding Freedom From Stress

5 ДЕН ОД 5

Помести го фокусот

Стресот не мора да го дефинира твојот живот. До сега научивме дека стресот е дел од нормалниот живот, а Исус е оној кој може да ни помогне целосно да го надминеме преку Неговиот вечен мир. Па, како можеме да го победиме стресот и да продолжиме понатаму со нашите животи? 

Треба да го свртиме фокусот од стресот кон Бога. Но, како да започнеме? Како прво, знај дека Бог се грижи за целиот твој стрес. Без разлика дали се избезумуваш околу твоите испити или имаш ментален слом околу тоа што да направиш со остатокот од твојот живот, нашиот Бог се грижи за сето ова и ќе ти даде мир. Неговиот мир можеби нема да изгледа така како што очекуваш, но секогаш ќе биде она што ти треба. 

Затоа, погледни како може да го свртиш фокусот подалеку од стресот. 

  1. Прославувај Го и додека не си подготвен. Во Филипјаните 4, Павле ни кажува како да се справиме со стресот. На почетокот, тој ни кажува секогаш да се радуваме на Господ. Секогаш. Да го славиме Бог без разлика дали сме расположени или не, бидејќи иако нашето расположение се менува, Тој никогаш не се менува. Тој е секогаш достоен за нашето славење, дури и кога нашите околности се тешки. Кога го славиме Бог, се сеќаваме кој е Тој и низ што сѐ нè има преминато. Бог е поголем од нашиот стрес и нашите грижи. 
  2. Предај го својот стрес. Нашиот следен чекор е молитва и предавање контрола. Треба целосно да ја предадеме нашата ситуација и да веруваме дека Бог ќе се грижи за нас. Во еден од преводите на Филипјаните 4 се вели: „обликувај ги своите грижи во молитви … прекрасно е она што се случува кога Христос ќе ги исцеди грижите од твојот живот“. Еве што значи да се ослободиш од стресот - предај се целосно на Бог и не гледај назад. 
  3. Пренасочи ги мислите. Не е доволен само обидот да го запреме стресот. Треба да го промениме начинот на размислување за него. Павле рече да ги насочиме нашите размислувања кон она што е точно, чесно и праведно. Фокусирај ги твоите мисли на тие работи, а не на стресните. Запомни да бидеш благодарен за она што го имаш, за работите низ кои Бог те премина и неверојатните луѓе во твојот живот. Нека таа благодарност ги преплави твоите мисли и срце. Конечно, на крајот ќе можеш секоја мисла да ја заробиш за да му се покорува на Христос. Замени: „Под стрес сум“, со: „Јас можам да направам сè преку Христос кој ме зајакнува.“ Скрши ги лагите на стресот со моќната вистина на Божјото Слово. 

Кога овие три работи ќе станат твои навики, ќе можеш да го доживееш Божјиот мир во секоја ситуација. Затоа, препознај го твојот стрес, преземи мерки за да го замениш со вистината и претстави го пред твојот небесен Татко, кој се грижи за тебе. Можеш да доживееш мир секој ден, затоа барај го тој мир и остави го стресот зад себе. 

Дискусија

  • На кој од овие три совети треба да се фокусираш почесто? 
  • Кои лаги обично ти ги кажува стресот? Како можеш да ги замениш тие лаги? 
  • Одлучи како ќе реагираш следниот пат кога ќе се чувствуваш стресно или поразено. 
Ден 4

Опис за овој план

Finding Freedom From Stress

Стресот е реален, но не мора да управува со твојот живот. Преку Христос, можеме одново да го формулираме, фокусираме и дефинираме. Ако се бориш со стрес, провери го овој 5-дневен библиски план за да научиш како да најдеш слобода и мир.

More

Благодарни сме на Life.Church за реализацијата на овој план за читање. За повеќе информации, посетете го: https://www.life.church/